Вулф заслужи свечено испраќање | Свет | DW | 09.03.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вулф заслужи свечено испраќање

Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф вчера (08.03) и официјално ја напушти претседателската палата во Берлин. Без оглед на критиките, Вулф заслужи свечено испраќање, смета Петар Штицле во следниот коментар.

default

Можеби беше тоа прикриен противудар на Кристијан Вулф кон противниците на церемонијата, кога одлучи воениот оркестар да му отсвири четири, наместо вообичаените три композиции на заминување. На тој начин, тој можеше да набљудува како неговите критичари се возбудуваат поради тоа и како дел од нив со тоа ја покажуваат својата малодушност.

Дискусиите за тоа дали Вулф заслужи свечена церемонија имаат во себе нешто нечесно, исто како и однесувањето на Вулф кое и го доведе до оставката. Што се однесува до самата должност и начинот на кој тој ја вршеше таа должност, на Вулф нема што да му се замери. Да беше поинаку, со оглед на деталната истрага за неговите активности која беше водена последниве месеци, грешките секако ќе беа откриени.

Сите критики на сметка на Вулф се однесуваа на периодот додека беше на чело на покраинската влада во Долна Саксонија. Она што можеби го боли Вулф е што неговиот претходник на функцијата премиер на Долна Саксонија, ексканцеларот Герхард Шредер имал исто толку добри односи со истите бизнисмени како и Вулф, но тоа не му ја уништи кариерата.

Deutsche Welle Peter Stützle

Петер Штицле, автор на коментарот

Кога Шредер поднесе оставка на местото канцелар, никој не поставуваше прашања за свечената церемонија која беше одржана во негова чест. Никој не го сметаше за спорно тоа што тој доби богата пензија, канцеларија, службен автомобил. Никој не смета дека сите тие привилегии се спорни и во случајот на ексканцеларот Хелмут Кол, кој беше во центарот на аферата околу нелегалните прилози во ЦДУ.

Сепак, има една разлика меѓу Вулф и Шредер. Против Вулф државното обвинителство отвори истрага, иако треба да се има предвид дека таквите истраги не секогаш завршуваат и со обвинение, па дури и откако ќе биде подигнато обвинение, таквите случаи не секогаш се завршуваат со осудувачка пресуда. Дали поради тоа требаше да се откаже свечената церемонија и на Вулф да му се оддаде почест дури неколку години подоцна откако ќе завршат истрагата и судскиот процес?

Добро е што Кристија Вулф беше веднаш свечено испратен, без оглед на обидите за попречување, без разлика дали тие беа во облик на разни морализирања, или пак преку демонстрантите кои ја следеа церемонијата со негодувања и вувузели.

Автор: Петер Штицле

Превод: Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска