Вулканска ерупција изненади туристи во Нов Зеланд - пет мртви | Панорама | DW | 09.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Вулканска ерупција изненади туристи во Нов Зеланд - пет мртви

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн потврди дека судбината на повеќе луѓе, кои во моментот на ерупцијата на вулканот се наоѓале на островот Вајт Ајленд, е неизвесна. Полицијата стравува дека нема веќе преживеани.

Според полицијата, во моментот на ерупцијата во близина на вулканот на Белиот остров се наоѓале до 50 лица. Потврдена е смртта на петмина туристи, а 23 се спасени. Спасувачките екипи сѐ уште немаат контакт со група од десетина лица, изјави заменикот шеф на полицијата Џон Тимс пред новинарите. Повредени се 18 луѓе, некои од нив имаат изгореници од висок степен.

Полицијата истакнува дека засега за нејзините службеници и за санитетските екипи е премногу ризично да отидат на островот.

Туристот Мајкл Шеид преку Твитер сподели повеќе видеа и фотографии за ситуацијата на островот. Тој со семејството тукушто сакал да го напушти островот, кога започнала вулканската ерупција. На снимките се гледа и група посетители покрај кратерот во време кога вулканот се активира.

Гледај видео 00:38

Вулканска ерупција во Нов Зеланд

Повеќе хеликоптери и авиони се во акција, над вулканот се издигаат бели облаци од чад. Градоначалничката на блискиот град Ваканте, Џуди Тарнер изјави дека спасувачките екипи се обидуваат да ги пренесат повредените во болница.

Експертите кои ја следат активноста на вулканот велат дека тој полека се смирува.

Вајт Ајленд инаку е во приватна сопственост, а вулканот на овој остров се вбројува во најактивните во Нов Зеланд. Островот има пречник од десетина километри и не е населен, годишно го посетуваат околу 10.000 туристи.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама