Вулканската ерупција ѝ донесе „страшно време“ на Тонга | Свет | DW | 17.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вулканската ерупција ѝ донесе „страшно време“ на Тонга

По огромната ерупција на подводниот вулкан во Пацифичкиот океан, целосниот обем на штетата во Тонга сѐ уште е нејасен. Соседните држави испратија извидувачки авиони во кралството.

Сателитска фотографија од ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи сосема десно од Австралија

Сателитска фотографија од ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи сосема десно од Австралија

Австралија и Нов Зеланд испратија денеска авиони за надзор за да ја проценат штетата на Тонга, по ерупцијата на вулканоткој предизвика цунами и го покри со пепел овој пацифички остров.

Австралискиот министер за Пацифик, Зед Сеселј, изјави дека првиот извештај сугерира дека нема масовни жртиви од ерупцијата и цунамито кои се случија во саботата, но оти австралиската полиција ги посетила плажите и пријавила значителна штета. „Знаеме дека постои значителна штета во одмаралиштата“, изјави тој за една австралиска радио станица, додавајќи оти аеродромот во Тонга изгледа во релативно добра состојба. Сеселј додаде дека е пријавено исчезнување на една Британка.

На пат кон Тонга: австралиски извидувачки авион полетува од воената база Емберли

На пат кон Тонга: австралиски извидувачки авион полетува од воената база Емберли

Заменикот шеф на мисијата на Тонга во Австралија, Кертис Туиалангинги, изјави оти авионите за надзор ќе се врата денеска вечер, додавајќи дека во Тонга се загрижени дека со испораките на пакетите за помош би можело да дојде до ширење на Ковид-19 на островот на кој нема заразени од вирусот. „Каква било помош која ќе биде доставена на Тонга би морала да се стави во карантин и веројатно на странскиот персонал нема да му биде дозволено да излезе од авионот“, изјави тој.

„Ова е страшно време, но Нукуалофа сè уште стои, електричната енергија е вратена во многу домови“, напиша, пак, на Фејсбук, Питер Лунд високиот комесар на Нов Зеланд во Нукуалофа, главниот град на Тонга,.

Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи во саботата предизвика цунами на брегот на Тонга и ги прекина телефониските и интернетските линии на целиот остров.тревога за цунами беше објавена за повеќе островски држави во Јужен Пацифик, а брановите стигнаа и до Јапонија. Предупредувањето за цунами беше објавено и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската сојузна држава Хаваи ја зафатија „помали поплави“.

Infografik Karte Tonga EN

Меѓународната комуникација е сериозно отежната поради оштетување на подморскиот кабел, чии поправки би можеле да потраат повеќе недели. Меѓутоа, пепелот од вулканската ерупција претставува голем здравствен проблем, бидејќи ја загадува водата за пиење. „Поголемиот дел од луѓето не се свесни дека пепелот е токсичен и е лош за дишењето и оти мораат да носат маски“, изјави Туиалангинги.

 

 

Поврзана содржина