Вселенски туризам ала Безос | Панорама | DW | 19.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Вселенски туризам ала Безос

Најбогатиот човек во историјата, основачот на Амазон Џеф Безос, веќе наредната година планира да ги испрати сите оние кои сакаат на вселенски излет на височина од 100 километри над Земјата. Сето меѓу чини многу...

Порано Џеф Безос продаваше книги на Амазон. Сега тој е - најбогат човек на планетата и преку неговата компанија Блу Ориџин нуди тури во вселената. Цената е соодветна на атрактивноста на понудата: 200-300 илјади долари. Поглед на Земјата низ прозорец и неколку минути во бестежинска состојба ќе бидат „достапни" уште во 2019 година. Група од пет вселенски туристи на бродот Њу Шепард на компанија Блу Ориџин ќе се кренат 100 километри над Земјата. Тоа е местото каде што поминува условната линија, над која започнува Вселената. Вкупно, целиот лет ќе трае околу 10 минути. Компанијата на Безос веќе спроведе осум тест летови, за волја на вистината, без патници.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Гледај видео 01:24

Излети во вселената за 200 илјади долари

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама