Врховниот суд ги потврдил пресудите на Груевски и Јанкулоска за „Тенк“ | Северна Македонија | DW | 18.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Врховниот суд ги потврдил пресудите на Груевски и Јанкулоска за „Тенк“

Странува збор за пресуди за предметот „Тенк“, во кој поранешниот премиер беше осуден на две години затвор а ексминистерката за внатрешни работи на казна затвор во траење од 4 години.

Врховниот суд на Република Северна Македонија во соопштение објавено на веб-страницата на судот, ја информира јавноста дека на 17-ти септември 2020 година, одлучило по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

„Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, соопшти Врховниот суд.

Странува збор за пресуди за предметот „Тенк“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор за примање награда за противзаконито влијание за набавката на луксузен „мерцедес“, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Повеќе:

-Само уште Иванов може да го спаси Груевски од затвор

-„Тенкот“ на Груевски ја чинеше Јанкулоска шест години затвор

-Експремиерот Никола Груевски ќе мора две години во затвор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беше прогласена за виновна за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, и осудена на казна затвор во траење од 4 години. Лани во јуни Врховниот суд и го прифати барањето на Јанкулоска за одложување на извршување на казната, сè до одлучување по нејзиното поднесено барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд.

 

Поврзана содржина

Реклама