„Враќајте се!“ – кога паниката ја блокира помошта во регионот погоден од цунами | Свет | DW | 26.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Враќајте се!“ – кога паниката ја блокира помошта во регионот погоден од цунами

Три дена по цунамито во Индонезија наголемо се работи на расчистување на штетите. Има многу отежнувачки фактори.

Рахмат со едно стапче боцка во вирче и извлекува мокар чевел. „Изгубивме сѐ што имавме“, вели очајното момче, додека неговите тројца браќа чепкаат по урнатините кои до пред неколку дена биле нивен дом.

Во близина Ују Сукарси со мачета расчистува прачки бамбус од поплавеното ресторанче. „Мојот омилен ресторан е само урнатина“, вели мајката на две ќерки. Тоа се само две судбини меѓу илјадници во регионот Бантен на западот од островот Јава, кој и три дена по цунамито потсетува на сцена од апокалипсата.

Амбулантни возила редовно со вклучени сирени возат по уличките меѓу приморските гратчиња Сумур и Анјер и транспортираат новопронајдени жртви. Најмалку 429 лица загинале, околу 15 илјади се повредени.

 Restaurantbesitzerin Uju Sukarsi (DW/J. Küng)

Ују Сукарси загуби егзистенција - нејзиниот ресторан веќе го нема

Сите спасувачки акции се одвиваат преку приморската улица

Приморскиот пат моментално есмртоносна стапица, вели командантот Рико Сираит. „Само 10 мали улички може да се користат за бегство во повисоки предели при евентуално ново цунами.“ Брановите се движат со брзина од 25 километри на час, па бегство е можно само во спринт. „Затоа мајка ни веќе ја пренесовме на повисоко место", велат браќата од фамилијата Рахмат, додека ги собираат остатоците од својот дом, оддалечен само неколку метри од морскиот брег.

 Zerstörung der Küstenregion in Banten zwischen Anyer und Labuhan (DW/J. Küng)

Браќата Рахмат беспомошно гледаат во урнатините од својот дом

Тензиите предизвикуваат страв

Наеднаш настанува паника. „Путар Бале! Путар Бале!", (Враќај се, враќај се!) се слуша од автомобилите што минуваат. Војник мавта со рацете и на автомобилите им наредува да свртат назад. Возачите свират, луѓето се качуваат во комбиња и бегаат накај север за да избегаат од цунамито што се заканува да го погоди брегот.

Повеќе: Зошто не функционираше системот за рано предупредување од цунами?

Еден час подоцна предупредувањето е повторно повлечено од страна на војската. „Лажен аларм!", ги смирува командантот Сираит на пунктот. „Подобро погрешен аларм, отколку никаков", вели возачот кој во правец на Сумур пренесува прехранбени производи. Системот за рано предупредување минатата сабота не се вклучи. Кога првиот бран од цунамито удри на брегот, уште немаше никакво предупредување од цунами.

 Zerstörung der Küstenregion in Banten zwischen Anyer und Labuhan (DW/J. Küng)

Снабдувањето оди бавно, но има многу луѓе кои помагаат

Прокоцкани драгоцени минути за помош

„Голем дел од сообраќајот на приморскиот пат е наменет за транспорт на храна и помошни средства во јужните кампови. Поради лажниот аларм доставата сега е многу одложена”, вели командантот Сираит, зборувајќи за големата задача да се снабдат со храна и други средства повеќе од 16 илјади лица кои се без покрив над главата. Кутии со готова храна се собираат во пунктот за распределба на средства на војската. „14 села се снабдуваат овде со храна и хигиенски средства", вели војникот Вахју, кој го напушта пунктот со полн камион во правец на камповите со настраданите.

DW.COM

Реклама