Вратар во Британија, претседател во Замбија | Свет | DW | 23.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вратар во Британија, претседател во Замбија

Новоизбраниот претседател на Замбија, Мајкл Сата (74) е поранешен жител на Велика Британија, кој работел во Лондон како вратар на железничката станица „Викторија“, откриваат британските медиуми.

default

Замбискиот претседател Мајкл Сата

Сата, кого Замбијците го нарекуваат „кралот кобра“, поради остриот јазик што го употребува во текот на политичките дебати, успеа да победи на овие избори, благодарејќи на силната кампања против странските рударски компании, а посебно против фирмите од Кина.

Неговата партија „Движење за повеќепартиска демократија“, управува со оваа поранешна британска колонија, во тоа време позната како Северна Родезија, уште од 1991 година, кога беше завршен еднопартискиот систем во Замбија.

Според британските медиуми, Кина е „главниот играч“ во замбиската економија, што се потпира на големото рудно богатство на земјата. Официјалните кинески податоци покажуваат дека Кина во минатата година учествуваше со две милијарди долари инвестиции, далеку најмногу од сите други странски инвеститори. Новоизбраниот претседател Сата, ги обвинува кинеските компании дека создале во Замбија „робовски услови за работа“, не водејќи сметка за безбедноста на луѓе и не почитувајќи ја локалната култура.

Младите гласачи, во некои делови од земјата, организираа демонстрации барајќи вистинска повеќепартиска демократија, поттикнати од соборувањето на долгогодишните владетели на Тунис, Египет и Либија.

Автор: БГ/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска

Реклама