Вратарот од „Бергхајн“ ги освојува европските галерии | Панорама | DW | 14.04.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вратарот од „Бергхајн“ ги освојува европските галерии

Свен Маркварт е роден берлинчанец. Како панкер во социјалистичка ГДР беше маргинализиран. По падот на ѕидот исчезна во клупската сцена на Берлин. Љубовта кон фотографијата и портретот е константна - трае веќе 30 години.

„Ќе започнам сосема релаксирано“. Свен Маркварт е опуштен, впрочем ова е неговиот дом, Бергхајн, најпознатиот клуб во Германија, кој во некои агли се’ уште го крие шармот на урнатините.

Свен Марквард најрадо фотографира во реконструираната електрана за топлотна енергија во Источен Берлин. Пред се’ пријатели, кои како и тој самиот и припаѓаат на сцената.

Sven Marquardt In Grenzen Frei

Портрет на Свен Маркварт

Тетовиран и со пирсинзи, тој е маркантна личност. Тоа му помага при работата како вратар во Бергхајн, да го издржи напливот на „ноќните птици“.

„Гледаш илјадници идеи и луѓе. Креативни луѓе минуваат крај тебе. Имам голем потенцијал за луѓе и лица. Меѓу другото и во околината на Бергхајн. Моите колеги делумно учествуваа во сите проекти, кои ги работев“.

Денес, без неговите фотографии речиси и да не може да помине некоја поголема изложба во Берлин. Свен Маркварт фотографира речиси 30 години. На почетокот пред се’ мода, потоа субкултура во ГДР. До денес аналогно и црно- бели фотографии.

Неговите фотографии се инсценирани пози. Вознемирувачки и меланхолични. „Меланхолијата за мене не е нешто што е тотално безизлезно. Ја гледам како шанса, како можност нешто да се почувствува или да се изживее. Сметам дека меланхолијата ... сигурно има одредена норма, кога се задушувате и не се може понатаму, сметам дека тоа е фасцинанта работа. Мене тоа чувство не ми е непознато“.

Свен Маркварт е роден во Пренцлауер Берг во Источен Берлин. Како млад панкер не смее да користи одредени улици поради неговиот екстравагантен изглед. Раководството во ГДР стравуваше дека ќе го уништи чистиот имиџ на социјалистичкиот главен град.

Allerleirauh, 1989 Portrait: Antje v. Bergen In Grenzen Frei

Портрет на Свен Маркварт

Тогаш тоа го навреди. Денес Маркварт се смее на тоа. Берлин беше и е негов град, негова голема муза...

„Се разбира се размислува за места, кога цело време се гледа, какви биле некогаш. Се избира местото каде некогаш си живеел и што станало од тоа. Овие монтажни станбени згради на Истокот, уште тогаш беа тука“.

И овие гробишта. Овде младиот Маркварт ги испробуваше своите квалитети како фотограф.

„Се доаѓа овде и некако го оставаш секојдневието зад себе. Местото е среде град, а сепак некако си целосно отсечен“.

На почетокот на 90-тите фотографот покажа невообичаени лица на пресвртот. Болка наместо славје. Самоинценирање како заштита.

Крајот на ГДР значеше пресврт и за Свен Маркварт.

Ја стави камерата настрана и исчезна во берлинската клупска сцена, стана вратар, и подоцна потоворно почна да фотографира.

„Падот на ѕидот го доживеав на возраст, кога се’уште имав доволно можности уште еднаш се’ да испробам. Тоа мислам дека е изворедно“.

До денес берлинската клупска сцена е големо место за игра. Уметничката сцена напротив тешко се пробива.„Тешко е да се направат вистинските контакти. Но јас не сум тип кој седи заедно со 20 фотографи во работен круг и разменува мислења. За тоа како фотограф, премногу сум индивуалец“.

Свен Маркварт и покрај тоа стои пред меѓунардоден пробив. По успешната изложба во Амстердам, се планирани и изложби во Торино и Париз.