Во Тунис уапсен роднина на Амри | Свет | DW | 24.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Тунис уапсен роднина на Амри

Во Тунис се уапсени три осоминчени лица кои се доведуваат во врска со осомнииот атентатор од Берлин, Анис Амри.

Трите лица, кои се уапсени уште во текот на вчерашниот ден, се членови на една „терористичка ќелија“ кои биле во контакт со Анис Амри. Едно од уапсените лица е братучед на Анис. Тој призна дека со Амри по шифриран пат контактирал преку еден Арап. Неговиот братучед сакал тој да се заколне на верност на „Исламска држава“. Тој дури му пратил и пари.

Министерството за внатрешни работи во Тунис трите уапсени лица, на возраст меѓу 18 и 27. години, ги означи како една терористичка ќелија.

Tunesien Reaktionen auf mutmaßlichen Attentäter Anis Amri

Мајката на Анис Амри

Станува збор за лица кои се уапсени во местото Каируан, во регинот во кој живее и семејството на Амри. Каируан се смета за големо упориште на салафистите.

Според последните податоци на германската полиција, Амри во понеделникот управуваше со камионот со кој влета на божикниот панаѓур во Берлин. Терористичката милиција „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.

Tunesien Bruder von Anis Amri

Братот на Анис Амри со родителите во заднина.

Вчера се појави видео-снимка на која Амри ја искажува својата верност на ИД. Анис Амри е убиен во престрелка со италијанската полиција во миланската населба Сесто Сан Џовани.

DW.COM

Реклама