Во театар и кино само со две дози вакцина | Северна Македонија | DW | 13.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Во театар и кино само со две дози вакцина

Владата донесе измени во ковид протоколите, со кои децата со пречки во развојот или со посебни потреби ќе можат да бидат ослободени од носење маски во училиште. 

Владата по препорака на Комисијата за заразни болести направи измени и дополнувања на дел од Ковид-19 протоколите. На културно-уметничките настани во затворено во иднина ќе се дозволи до 50% публика со две дози вакцина, со што се зголемува присуството на публика во салите.

Ова е предвидено со измените во Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други), на кои досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори беше до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата. 

Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките. 

На владина седница денеска е разгледан и Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес. Заклучокот е дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба. 

Владата го прифати и барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму. 

Гледај видео 04:42

Театарот - мелем на душа во пандемија

 

DW.COM