Во Сириза се организира отпор против договорот од Брисел | Свет | DW | 13.07.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Во Сириза се организира отпор против договорот од Брисел

Условите под кои во Брисел беше договорена натамошна финансиска помош во Грција предизвикаа разочарување и резигнација. Левото крило на партијата Сириза се мобилизира за отпор.

Од Сириза, партијата на премиерот Алексис Ципрас беше упатен повик за отпор, откако се дозна за условите под кои на самитот на еврозоната е договорено да започнат нови преговори со Грција за трет пакет финансиска помош. „По 17-часовни преговори шефовите на држави или на влади од еврозоната постигнаа спогодба која ги понижува Грција и Грците“, се вели во повикот од левото крило на Сириза, објавен на неговата интернет-страница. Во повикот се бара: „Грчкиот народ не смее да си дозволи со тоа да биде обесхрабрен; напротив - мора да остане тврдокорен, како што беше на референдумот и на протестите ширум земјата за едно ’не‘ до самиот крај“.

Грција осудена да остане „должничка колонија“

Радикалното крило на левичарскиот сојуз Сириза критикува дека условите за новиот пакет за спас се уште построги, отколку за претходниот, оти повторно ја етаблира Тројката и земјата ја осудува да остане „должничка колонија“ под надзор на ЕУ предводена од Германија. Грците мораат да речат „не“ за пакетот за спас, за неолиберализмот и политиката на штедење, кои го сочинуваат ’рбетот на еврозоната - бара левото крило на Сириза.

Belgien Euro-Gipfel erzielt Einigung bei Griechenland

Алексис Ципрас ќе има проблеми дома

Напнатоста внатре во партијата стана очигледна уште во петокот, кога 17 пратеници на Сириза му одбија послушност на премиерот Ципрас во парламентот и при гласањето на разни начини не му дадоа поддршка за преговарачки мандат. Така, Ципрас и на претстојното гласање во врска со спогодбата од Брисел ќе мора да се потпре врз гласовите на опозицијата.

Граѓаните разочарани и резигнирани

Противниците на согласноста од Брисел за денеска невечер свикаа демонстрација во центарот на Атина. Многу граѓани искажуваат разочарување и резигнација. „Ова навистина е победа, но Пирова победа, оти условите се многу строги“, вели 73-годишната Мариана од Атина. „Луѓето страдаат веќе пет години и сега ќе биде уште полошо“.

Кристина, 43-годишна, вработена, исто така е многу разочарана, оти, како што вели, владата прво дејствувала со многу елан и на луѓето им дала искра на надеж: „Бевме подготвени на лоши вести, но се случи најлошото. Вака гледаат најголем дел од луѓето“, вели Кристина.

Реклама