Во светот со жалење беше примена веста за смртта на Јелцин | Свет | DW | 24.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во светот со жалење беше примена веста за смртта на Јелцин

Борис Јелцин и Хелмут Кол

Борис Јелцин и Хелмут Кол

Американскиот претседател Џорџ Буш го означи поранешниот руски претседател како “историска личност”. Тој и служеше на својата земја во еден значаен период на пресврт, ги пренесе зборовите на Буш владиниот портпарол Дана Перино.

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер оцени дека Јелцин на посебен начин се ангажирал за демократијата во Русија, а со тоа и за подобар и помирен свет.

Канцеларот Ангела Меркел нагласи: “Борис Јелцин беше вистински борец за слобода и демократија, за нова ориентација на Русија, и посебно близок пријател на Германија”.

И поранешниот германски канцелар Хелмут Кол го истакна тој момент: “Тој беше верен пријател и пријател од доверба за Германците. Тој го одржуваше дадениот збор и никогаш не остави да се почувствува каква тешка заедничка историја имавме ние, советските Руси и Германците”.

Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, покрај другото, рече: “Претседателот Јелцин го насочи погледот кон Европа и Русија ја отвори за светот. Тој битно придонесе за развојот на пријателски и партнерски односи меѓу нашите две земји, но и меѓу Русија и ЕУ”.