Во потрага по планот Б на Меј | Свет | DW | 21.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Во потрага по планот Б на Меј

Британската премиерка и натаму бара мнозинство за договорот за Брегзит. Може ли прашањето за границите во Ирска да биде решено со посебен договор? Во владата и во Долниот дом во моментов владее хаос.

Изгледа дека ќе бидат разочарани очекувањата на тие што мислеа дека Меј денеска во парламентот со планот Б ќе презентира нов пристап за решавање на спорот. „Вратите и се отворени, но не и паметот”, рече пратеничката на Лабуристите Хилари Бен по средбата со Меј.

По страшниот пораз за Брегзит договорот минатата недела Меј најави дека ќе разговара со претставници наопозицијата. Сега би требало да презентира компромисно решение и план Б. Но, подадената рака во опозицијата изгледа била празен гест. Меј одбива натамошно менување на нејзините црвени линии. Помек Брегзит за неа не доаѓа предвид.

Планот Б е планот А

Таа ќе се обиде критичарите во сопствените редови, како и меѓу Ториевците и северноирската ДУП да ги предомисли за да спречи поделба во сопствената партија.

Таа веројатно ќе се обиде да започне нов круг преговори со ЕУ за да го смени делот околу тврдите граници со Ирска, т.н.Бекстоп. ЕУ за сега се противи на времено ограничување на Бекстопот. Дали пак, тоа би ги задоволило оние со различно мислење од Меј е исто така под прашалник. Изгледа дека Меј и владата се вртат само во круг.

Посебен договор со Ирска?

Предлог кој би помогнал да се излезе од кругот според информации од британските медиуми би можела да биде идејата прашањето околу границите да се реши во посебен договор. Но, нејасно е колку членката на ЕУ, Ирска, воопшто може да склучи одделен договор со Велика Британија.

Повеќе:

-Брегзит: Проблемот на Меј се конзервативците

-Брегзит: Меј останува на функцијата, но останува и притисокот

-Брегзит: Тереза Меј ќе мора да понуди алтернатива

И како ли би финкционирала англо-ирска царинска унија? Министерот на Ирска за надворешни работи Сајмон Ковени веќе најави дека неговата влада и натаму силно го поддржува договор со ЕУ, „вклучително и преговараниот Бекстоп”. Портпарол од Даунинг стрит демантираше дека имало предлози за посебен договор. Но, само неколку часа пред тоа министерот за трговија Лајам Фокс во политичка емисија на БиБиСи рече дека патот од еднонасочната улица би можел да биде договор со Ирска за "алтернативен механизам” за избегнување на граничните контроли.

Кабинетот во хаос

Хаосот во владиниот кабинет на Меј продолжува. Поедини министри во јавноста излегуваат со сосема спротивни ставови. Лијам Фокс ги предупреди пријателите од Европа да не го „уништуваат Брегзит“. Други како Амбер Род бараат компромисно решение и помеко истапување од ЕУ. И натаму се можни оставки на министри ако нештата не се развиваат како што очекуваат тие. Меј веќе изгуби серија министри и угледни соработници.

Парламентот се бунтува

Умерените Конзервативци како Доминик Гриве се загрижени дека раскараноста на двете големи партии може да ја втурне земјата во ситуација да нема никаков договор. Тој се обидува таквиот исход да го спречи преку иницијатива која вклучува членови на повеќе партии. Портпаролот на Лабуристите за Брегзитот Кеир Стејмер се бори за втор референдум. Зад тоа стои обидот на неколку пратеници да земат контрола врз дневниот ред, кој инаку го пдредува владата. Во рамки на неговите можности спикерот Џон Берков до сега беше корисен. Правилата во Долниот дом се базираат на традицијата и трпат и поинаква интерпретација. Владата на Меј е лута заради начинот на кој Верков ја води дебатата и во неа гледа прекршување на досегашната пракса. Спикерот по свое убедување може да дозволува барања од пратеници и да ги стави на гласање. Покрај иницијативата да се спречи истапување без договор, имаше и барања да се одложи датумот за Брегзит или да се одржи нов референдум. Покрај тоа има и серија поединечни барања, како Царинска унија, Норвешко решение и сл.за да се види за која варијанта е мнозинството во парламентот. Се очекува Меј со презентацијата на планот Б да ги разочара повеќето пратеници, развојот зависи од тоа коку парламентарци ќе наметнат гласање за можни решенија и кои од нив ќе бидат успешни. Кој ќе ја добие иваа битка за моќ ќе одлучува за иднината на земјата и формата на истапувањето од Унијата.

Меј би можела да има и втора шанса да добие поддршка за договорот во своите редови или пак некое парламентарно мнозинствоќе ги преземе уздите за да го минира нејзиниот план. Од нови избори до втор референдум, одложување на истапувањето, помек или никаков Брегзит - сѐ е во игра.



 

 

DW.COM

Реклама