Во оптек нова банкнота од 50 евра | Економија | DW | 04.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Во оптек нова банкнота од 50 евра

Централните банки во еврозоната од денеска во оптек пуштија нова банкнота од 50 евра која е потешка за фалсификување.

Новата 50-ка би требало да им ја отежне работата на фалсификаторите, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ) „Дури и во дигитално доба, готовината е сѐ уште неопходна во нашата економија“, објасни претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

Според една анкета, во околу три четвртини од сите зделки со купување, плаќањето е извршено во готово.

Банкнотата од 50 евра, мерено според бројот на банкноти, и натаму е најважната евро-банкнота. Околу 46% од сите евро-банкноти се 50-ки. Досегашните банкноти од 50 евра во оптек се повеќе од 20 години и се вбројуваат меѓу најфалсификуваните банкноти воопшто. Околу 60 проценти од сите „уловени“ фалсификати биле банкноти од 50 евра.

По банкнотите од 5, 10 и 20 евра, банкнотата од 50 евра е четврта банкнота во оптек од т.н. „Серија Европа“. Новите банкноти од 100 и 200 евра се очекуваат на почетокот на 2019 година.

DW.COM

Реклама