Во нивните ординации нема место за дискриминација | Северна Македонија | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Во нивните ординации нема место за дискриминација

Невладините организации ХЕРА и ХОПС со години нудат бесплатни гинеколошки прегледи за сексуални работнички во Скопје. Двајца лекари кои соработуваат со организаците порачуваат оти пациентите не треба да се двојат.

На вратата на Д-р Владимир Трајковски неретко затропуваат Ромки за бесплатен преглед. Специјалистот гинеколог-акушер во Младинскиот центар „Сакам да знам“–Шуто Оризари ги прегледува, но и ги советува жените. Трајковски, кој веќе 8 години соработува со невладината организација ХЕРА, истакнува дека идејата на оваа организација што функционира, практично е да се развие свеста за сексуално преносливите болести, не само кај маргинализирани лица туку и оние коишто едноставно живеат од таа сексуална работа. 

„Како лекари мислам дека сите треба да не ги двоиме пациентите по ништо. Едноставно да си ја работиме работата и пациентот е секогаш ист, пациент е пациент без разлика на било која друга разлика“, вели Трајковски. 

Гледај видео 02:20

„Не треба да ги двоиме пациентите“

И д-р Александар Блажевски е вклучен во Програмата за поддршка на сексуални работници. Блажевски, истотака е специјалист гинеколог-акушер, кој 15 години е во здравството и соработува со невладината организација ХОПС.

ХЕРА и ХОПС со години нудат бесплатни гинеколошки прегледи на територијата на Скопје

„Кога ќе ги лоцирате проблемите и ќе се обидете да направите нешто во врска со тоа, во следниот момент треба да имате опстојување на тие програми и проекти или веќе што ќе правите. Ако вие само промовирате нешто и направите една дупка, ги научувате луѓето на нешто и после тоа им го одземате. Се обидувате да им помогнете, а после тоа ги оставате на улица, ништо не сме постигнале“, вели Блажевски. Во ординациите на овие двајца лекари нема место за дискриминација

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама