Во конфликтите свесно се жртвуваат деца | Свет | DW | 28.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во конфликтите свесно се жртвуваат деца

Се користат како човечки штит или им се на нишан на снајперистите - 2017 година беше една од најлошите години за децата во војни и конфликти, објави УНИЦЕФ.

Децата во воени региони сѐ почесто се мета, соопшти УНИЦЕФ. Страните во конфликтите не го почитуваат меѓународното право со кое се заштитени оние кои не можат да се бранат, вели Мануел Фонтан, директор на УНИЦЕФ за програми за итна помош.

Во конфликтите ширум светот децата станаа цел на фронтот, се коriстаt како човечки штит, се убиваат, сакатат и се регрутираат за борби. Силувања, принудни бракови, трговија со деца и нивно претворање во робови се методи со кои се служат страните во конфликтите во Ирак, Сирија, Јемен, Нигерија, Јужен Судан и Мјанмар.

Милиони деца и индиректно плаќаат цена со тоа што страдаат од глад, болести и трауми. Децата се изложени на напади и брутално насилство во своите домови, училишта и игралишта, нагласи Фонтан. „Не смееме да останеме глуви. Ваквата бруталност не смее да стане нова нормалност“, потенцираше тој.

Повеќе на темата:

УНИЦЕФ-Фотографија на годината

Само во Авганистан во првите девет месеци од 2017 година загинале 70 деца, соопшти УНИЦЕФ. Во Нигерија и Камерун најмалку 135 деца биле принудени од страна на терористичката група Боко Харам да дејствуваат како атентатори самоубијци. Во Ирак и Сирија деца се користеле како жив штит, а во Јемен по речиси 1000 денови војна, убиени или повредени се најмалку 5000 деца. На повеќе од 11 милиони деца во светот им е потребна помош.

DW.COM

Реклама