Во Германија и натаму се рекламираат цигари | Панорама | DW | 11.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Германија и натаму се рекламираат цигари

Германија е единствена ЕУ-земја во која е дозволено рекламирање цигари. Екс-шефот на пратеничката група на ЦДУ, Каудер блокираше носење закон за забрана. Сега противниците на тутунската индустрија гледаат нова шанса.

На железничка станица, на аеродром, автобуска постојка или рекламни паноа – ги има насекаде во Германија и многу се впечатливи – билборди на големите тутунски концерни. Всушност тоа одамна требаше да биде забрането, бидејќи уште во април 2016 година владата на Ангела Меркел донесе предлог закон за забрана на рекламирање производи на тутунската индустрија. По 2020 година ваквите реклами треба да бидат целосно забранети. Но парламентарната група на Унијата досега го нема ставено предлог законот на дневен ред за гласање во Бундестагот, и затоа никогаш не дојде до тоа. Еден човек кој беше многу одговорен за ваквиот тек на настаните е поранешниот шеф на пратеничката група на ЦДУ, Фолкер Каудер.

Но, Каудер ја загуби својата позиција. Пред неколку недели Ралф Бринкхаус го собори човекот од доверба на Меркел на местото шеф на парламентарната група. Сега противниците на тутунската индустрија гледаат нова надеж и можност повторно да го актуелизираат своето барање. Во една заедничка изјава здравствени и невладини организации, меѓу кои и Германскиот центар за истражување на рак, Институтот за одвикнување од зависност од тутун и превенција од пушење, како и НВО Унфертобако, побараа од новиот шеф на пратеничката група Ралф Бринкхаус, да се заложи за децата и младите и да се заштитат од реклами за пушење.

Лош бизнис за државата

Во заедничката изјава се вели: „Пушењето е сѐ уште ризик фактор број еден за појава на рак – секое петто ново заболување од рак во Германија е поврзано со пушење. Најголем дел од пушачите почнуваат со пушење цигари уште во раната младост, на возраст кога се особено подложни на влијание на рекламните пораки на тутунската индустрија.“ 

Забрана за рекламирање на цигари може значително да придонесе за заштита на малолетниците, а со тоа да се придонесе и кон превенција од рак. Ова го констатираше и поранешниот министер за исхрана Кристијан Шмит од ЦСУ уште пред шест години. Тој на владата ѝ поднесе предлог закон и се обиде да ги убеди членовите на Бундестагот во потребата од негово изгласување. Бидејќи, не се работи само за здравјето на луѓето, туку и за дополнителните трошоци на државата, напиша тој тогаш во писмото до пратениците. Доколку приходите од данок на тутун се 14 милијарди евра годишно, дополнителните трошоци на државата поврзани со тутунот се 78 милијарди евра. Тоа е лош бизнис.

Rauchen (picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte)

Пушењето е сѐ уште ризик фактор број еден за појава на рак во Германија

Силно тутунско лоби

Годишно 121.000 пушачи и пасивни пушачи во Германија умираат како последица на пушење. Бројни студии покажале дека пред сѐ младите се привлечени од рекламните билборди на различни марки цигари. Но, и покрај ова, на Шмит не му успеа да спроведе целосна забрана за рекламирање на тутунски производи.

Причините веројатно лежат во фактот што силното тутунско лоби и рекламната индустрија се добро поврзани со партиите во владата и опозицијата. Така, на пример, концернот Филип Морис меѓу 2010 и 2015 година има дадено околу 544.000 евра за настани на ЦДУ, ЦСУ, СПД и ФДП, како и на организации блиски до овие партии.Како што покажа едно истражување на парламентарната група на Левицата, само во овој легислативен период тутунските лобисти имале 23 средби со високи владини претставници.

Повеќе: Законски измени ги скараа пушачите и непушачите

Дебатата е сѐ уште отворена

Во изјава за Дојче Веле, Кристијан Шмит напиша: „Со оглед на тоа што во Бундестагот, за жал, не дојде до гласање, предлог законот на крајот од легислативниот период стана жртва на таканаречениот парламентарен дисконтинуитет. Тоа значи: мора да се спроведе нова парламентарна законодавна постапка.“ 

Според владата, дебатата за проширување на законот за забрана на рекламирање цигари сѐ уште не е затворена. Останува отворено прашањето - кога владата ќе се занимава со изготвување на нов предлог закон. „Во принцип јас стојам на мојот став за опасноста од консумирање и рекламирање тутунски производи, особено за малолетниците и би го поздравил тоа ако брзо се лансира нов предлог закон“, вели Шмит.

Deutschland Zigarettenwerbung (picture-alliance/R. Haid)

Рекламирањето цигари мора да се забрани, бараат противниците на тутунската индустрија

И Марлене Мортлер, комесар на владата за заштита од дроги, не гледа причина за одложување на донесување ваков закон. Уште во 2003 година Германија се вклучи во рамковниот договор на СЗО за намалување на потрошувачката на тутунски производи. Во нејзината изјава за ДВ таа пишува: „Не се работи за тоа дали може, туку дека мора да се спроведе целосна забрана за рекламирање цигари. Јасно е какво влијание имаат рекламите, особено врз децата и младите. Пушењето преку рекламите тука се поврзува со еден позитивен животен стил. Аргументите дека консументите ќе се чувствуваат патронизирани од забраната не можам да ги разберам, конечно ние не го забрануваме пушењето. Крајно време е да се направи вистинскиот потег!“ 

Мортлер е убедена дека оваа цел ќе се исполни уште во овој легислативен период. Сѐ уште е нејасно како ќе се постави новиот шеф на пратеничката група на ЦДУ, Ралф Бринкхаус по ова прашање. Тој не одговори ниту на прашањето на ДВ.

Гледај видео 02:40
Now live
02:40 минути

#DE_facto: Дискриминација на пушачите во Германија?

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема