Во Германија доаѓаат добро квалификувани работници од Македонија | Економија | DW | 06.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Во Германија доаѓаат добро квалификувани работници од Македонија

Од земјите од Западен Балкан во Германија не доаѓаат веќе баратели на азил, туку стручна работна сила, се констатира во најновата студија на Институтот на германската економија.

Ако во 2015 година повеќе од 140.000 луѓе од државите на Западниот Балкан поднесувале речиси безизгледни барања за азил во Германија, нивниот број во 2017 година се намалил на дури 20.000, стои во студијата на Институтот на германската економија (ИВ). Наспроти тоа, бројот на луѓето кои дошле во Германија за работа и имаат легален престој во земјата во истиот период се зголемил за 30.000 и изнесува 42.000. Позитивниот развој, според експертите од ИВ, се должи на заострувањето на системот за азил во Германија за лицата од државите од Западен Балкан и на поедноставувањето на правилата за пристап до германскиот пазар за работа преку т.н. Западнобалканско правило од октомври 2015 година.

Гледај видео 02:27

#DE_facto: Германија бара еден милион работници

Експертите од ИВ ги анализираат податоците добиени од Централниот регистар и од Сојузната агенција за работа. Според нив, бројот на мигрантите од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово кои работат со платени придонеси во Германија е зголемен за над 80.000 во последните три години и тоа од 183.000 во март 2015 година на 268.000 во март годинава. Притоа, 162.000 од оваа група работници работат во професии за кои е неопходно најмалку две или тригодишно професионално образование. Повикувајќи се на податоци од Сојузната агенција за работа, каде не се вклучени податоци од Црна Гора, ИВ констатира дека најголем број работници од Западниот Балкан работат во услужните дејности, во градежништвото, здравството и трговијата.

Deutschland Symbolbild Reparaturarbeiten Brücken | Rader Hochbrücke der Autobahn A7

Многу луѓе под Западен Балкан работат во градежништвото

Во текот на изминатите пет години, од Македонија во Германија виза за работа во Германија добиле над 8 илјади луѓе (лица со македонски пасош, н.з.). Бројот на издадени визи за работа во 2013 година изнесувал само 556, а во 2017 - 4.415. Според податоците на ИВ, најмногу визи за работа во изминатите пет години добиле државјани на Босна и Херцеговина - околу 40.000.

ПовеќеГерманска амбасада: За работа во Германија и натаму ќе биде неопходна виза

Институтот на германската економија, анализирајќи ја појдовната состојба во земјите од Западен Балкан, оценува дека тие се мали и демографски слаби. Повикувајќи се на податоци од Евростат, Светска банка и од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ИВ наведува дека сите држави од Западен Балкан во 2016 година имале 17,9 милиони жители, што е помалку од една Романија, која во 2018 година имала 19,8 милиони жители. Во делот за Македонија стои дека земјата на почетокот на 2016 година имала 2.071.000 жители, а стапката на раѓање изнесувала 1,5 деца (по жена). Во однос на миграциите, се констатира дека во 2015 година од 100 жители на Македонија, 22-ца се иселувале во земји надвор од Западниот Балкан (притоа не е наведено дали иселувањето е привремено или трајно). Тоа е помалку од бројот на иселени од Албанија (36), Босна и Херцеговина (33) и Косово (34), но повеќе од Србија (13) и Црна Гора (9).

Serbien Deutsches Arbeitsvisum

Во 2017 година 4.415 работници со македонски пасош добиле виза за работа во Германија

Што се однесува до стапката на мигранти од Западен Балкан кои се невработени, таа изнесува 11,5% и се намалува. Повеќе од 82% од невработените луѓе од Западен Балкан немаат квалификација. Тоа, според експертите, наведува на заклучок дека и покрај позитивниот развој на состојбата со вработувањето, има голема група луѓе на кои им е неопходна поголема поддршка при интегрирањето на пазарот на работна сила.

ПовеќеКако до работа во Германија?

Експертите се критични во однос на примената на Западнобалканското правило на граѓани од други држави во светот. Во студијата се вели дека граѓаните од Западниот Балкан, споредени на меѓународно ниво, имаат релативно високо ниво на квалификации, што не е случај со сите држави од каде доаѓаат мигранти во Германија.

DW.COM

Реклама