Во војната против коронавирусот, Италија води битки на повеќе фронтови | Теми | DW | 02.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во војната против коронавирусот, Италија води битки на повеќе фронтови

Во земјата во која има најмногу починати од Ковид-19 има премалку маски, дезинфекциски средства и респиратори. Властите се во постојана трка за нивна набавка но и во битка со луѓето и фирмите, чија криминална енергија надвладејува и во една ваква криза.  

Гледај видео 01:17

Италијанските власти деновиве конфискуваа пратка од 170.000 заштитни маски и ги редистрибуираа на итните служби во земјата. Маските од Кина првично требало да се испорачаат на приватна италијанска компанија.  Властите, исто така, забранија извоз на основни медицински производи, неопходни за справувањето со коронавирусот.

Но и покрај тоа запленети беа илјадници делови за респиратори, кои веќе биле продадени во Грција. Италијанската компанија која стои зад продажбата сега се соочува со тужба. 


Во меѓувреме и други медицински производи се под силна контрола. Надлежните открија дека и средства за дезинфекција се произведуваат нелегално
под лажна марка  и без санитарно овластување. Фабриката што ги произведува сега е затворена. 

Повеќе:

-Mафијата може да профитира од корона-кризата

-Италија и Шпанија - жаришта на коронавирусот во Европа

-Италија: Никој не е имун на тешките последици од коронавирусот

Во меѓувреме во земјата од Ковид-19 починаа близу 12.500 луѓе, најмногу во светот. Бројот на заразени достигна речиси 106 илјади. Зрак на надеж меѓутоа дојде од зборовите на шефот на италијанските здравствени институти Силвио Брусаферо кој изјави дека веројатно е достигнат пикот на заразата од коронавирусот во земјата  и оти би требало да се бележи пад на новите случаи. 

Тој меѓутоа нагласи дека би било лудост да се олеснат мерките на владата, кои се покажале како продуктивни а кои подразбираат забрани за движење и домашна изолација и кои траат веќе три недели.

Прочитај го и ова