Во бегство 500.000 Ирачани | Свет | DW | 11.06.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Во бегство 500.000 Ирачани

Терористичката група Исламска држава во Ирак и Левант продолжува да се движи кон северот на Ирак. Од областите каде се водат борбите луѓето во голем број ги напуштаат своите домови.

По освојувањето на милионскиот град Мосул и околната провинција Нинива, радикалните џихадисти се насочуваат кон други градови. Ирачките сили за безбедност информираат дека борци на Исламска држава во Ирак и Левант ја запалиле полициската станица и зградата на судот во Баиџи. Притоа било одземено оружје. Во индустрискиот град се наоѓа најголемата рафинерија на градот и важна електрана. На околку 250 чувари на рафинеријата очигледно им било ветено слободно да го напуштат местото. Дали бунтовниците веќе го имаат местото под контрола, засега е неизвесно.

Меѓународните хуманитарни работници сметаат дека од почетокот на првите борби околку Мосул пред четири денови околу 500.000 луѓе се во бегство. Многумина ги напуштиле своите домови од страв од насилни напади, информира Меѓународната организација за миграција денеска (11.06) во Женева.

Hoshyar Zebari in Athen 11.06.2014

Хошијар Зебари

Во Мосул најголемата клиника очигледно повеќе не може да се користи, бидејќи се наоѓа во област каде се водат борби. Според Меѓународната организација за миграција затоа повеќе џамии биле пренаменети во болници.

Владата ја изгуби контролата во Мосул

Ирачката влада во меѓувреме призна дека ја изгубила контролата врз Мосул. Портпарол на Министерството за внатрешни работи појасни дека градот бил изложен на милоста на борците. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари оцени дека Исламска држава во Ирак и Левант биле „сериозна и смртоносна закана“ за земјата. Истовремено најави потесна соработка на Багдад со регионалната влада во Курдистан, за заеднички да ги истераат исламистите од регионот.

Терористичката група Исламска држава во Ирак и Левант следи слична идеологогија како терористичката мрежа Ал Каеда. Уште од јануари борците на оваа група го држат градот Фалуџа и исто така контролираат делови од провинцијата Анбар, западно од Багдад. Целта на групата е да ги спои областите со кои владее во Сирија и Ирак и таму да формира фундаменталистичка верска држава.

Поврзана содржина

Реклама