Во Баварија наскоро корона-тестови за сите - бесплатно! | Свет | DW | 29.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Во Баварија наскоро корона-тестови за сите - бесплатно!

Во германската покраина Баварија секој ќе може да се тестира на коронавирус бесплатно, дури и ако нема симптоми, најави покраинската влада.

Баварија ќе биде првата германска покраина каде на коронавирус ќе може да се тестира секој, без оглед дали лицето има симптоми или дали било изложено на посебен ризик или не. Покраинската министерка за здравство Мелани Хумл најави „корона-тест офанзива“: „Затоа на сите граѓани на Баварија наскоро ќе им биде понудено да се тестираат кај лекар, без оглед дали имаат симптоми.“

Посебен фокус ќе има на ризичните групи во старечките домови, установите за лица со хендикеп, амбулантите и болниците. Истото важи и за наставниците, воспитувачите и судиите. Планот за тестирање ќе биде изработен веќе наредната недела. Трошоците за тоа, во случај да не ги покрива здравствениот фонд, ќе ги преземе покраината.

Гледај видео 02:37

Природен лек против Ковид-19?

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан по најавата за тест-офанзивата во Баварија оцени дека „тестирањето во широки размери има смисла, особено за да се сузбијат брзо регионални жаришта“. Но, тој предупреди дека не би требало да се имаат преголеми очекувања: „Тестот секогаш ја отсликува само моменталната состојба. Тоа не би требало да влее погрешна сигурност.“

Повеќе:

Коронавирус: Тешко се докажува постоење антитела

Што треба да знаете за тестовите за коронавирус

САД и Кина во трескавична трка по вакцина за коронавирусот

Експертката за здравствена политика на владеачката ЦДУ, Карин Маг, на намерите на Баварија гледа со скепса, особено што се однесува до смислата на масовното тестирање: „Ако сум свежо инфицирана, тестот тоа нема да го покаже. Непосредно по тестот знам дали сум позитивна или негативна, но во наредните денови би можела повторно да се инфицирам“, вели Маг за весникот „Аугсбургер алгемајнен“. Затоа, според неа, повеќе смисла има целно тестирање „онаму каде живеат или работат луѓе кои мора да бидат особено заштитени“.

Реклама