Во авион за Германија само со негативен ковид-тест | Теми | DW | 31.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Во авион за Германија само со негативен ковид-тест

Во Германија со авион смее да се влезе само со негативен корона-тест, направен во последните 48 часа. Одредбата важи од вчера (30.03.2021) и стриктно се применува. Германската полиција на аеродромите врши проверка.

Гледај видео 01:46

Германската сојузна полиција на аеродромите врши проверка на пропишаните негативни ковид-тестови на патниците кои влегуваат во земјата. Само на аеродромот во Франкфурт, според портпарол на полицијата, вчера тоа било случај кај преку 100 летови од Шенгенскиот простор. На патниците кои доаѓаат од трети земји, надвор од ЕУ, полицијата им ги проверува потврдите за негативен тест уште пред да ја поминат пасошката контрола.

Мерката засега има рок до 12 мај. Оној кој на авиокомпанијата не може да ѝ покаже негативен резултат на корона тестот, не смее да влегува во авион. А оној кај кого резултатот е позитивен, мора да остане во местото каде се наоѓа – во карантин во хотел. Со оглед на тоа што рокот за примена на правилото беше одложен за неколку дена, авиокомпаниите и туристичките агенции според проценките на германската полиција, имаа доволно време  за да се подготват.  

 

 

Прочитај го и ова