„Војна на ѕвездите“ е машинерија за пари | Панорама | DW | 16.12.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

„Војна на ѕвездите“ е машинерија за пари

Будење на економската сила: вселенскиот еп „Војна на ѕвездите“ денеска има европска премиер во Лондон. Стартува и огромната маркетинг машинерија за пари. Експертите сметаат со 5 милијарди долари профит од фан-артикли.

„Почнува будење! Чувствуваш?“ (Сцена од филмот, н.з.)

О, да! Разбудена е маркетинг силата „Војна на ѕвездите“. Но, повеќе пари отколку со филмовите се заработуваат со фан-артикли. Концернот Дизни има соодветни производи за речиси сите целни групи: костуми, облека, оружје, привезоци или воена машинерија. Се разбира, и еден од новите ѕвезди на филмот - ББ-8. Радост за фановите со далечинско управување. Тука се и компјутерските игри. „Војна на ѕвездите“ ако играш сам, на двете страни на фронтот. Производителот смета дека ќе бидат продадени 13 милиони игри ширум светот.

Империјата Дизни се ориентира и кон децата. Тие бараат сѐ:

„Уништувач на ѕвезди“, вели едно дете, а мајката додава:

„Постери, маички, сѐ, играчки, нарачаа сѐ.“

Ваквата империјална маркетинг сила не наидува на одобрување кај сите.

„Никогаш не сум ги сакал фан-артиклите на Војна на ѕвездите, сметам дека сето тоа е претерано“, вели еден љубител на филмовите, но не и на рекламите.

„Не може да се види веќе ништо друго, особено за деца. Сѐ е од Војна на ѕвездите, сѐ!“, додава друга жена.

Овде можете да го погледнете видеото:

Гледај видео 02:17

Милијарди од фан-артикли

Џорџ Лукас го препозна потенцијалот уште во 1977 година. Наместо хонорар за првиот филм, тој ги побара правата за продолженија и за маркетинг. Новиот филм само во првата година би требало да донесе околу 5 милијарди долари од фан-артикли. Фановите велат:

„Филмовите, ги сакам уште од детски нозе.“

„Има сѐ што му е потребно на еден вистински филм: романтични сцени, борби.“

„Да, мора да се гледа. Мислам, па Хан Соло настапува повторно, тоа е извонредно!“

Филмот функционира како рекламен спот за империјата со артикли. Маркетинг-силата е разбудена.