Војната против Хамас повеќе не е исклучена | Свет | DW | 02.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Војната против Хамас повеќе не е исклучена

Илјадници Израелци присуствуваа на погребот на трите убиени момчиња. Владата во Тел Авив сѐ уште размислува за одгоговорот на злосторствата. Премиерот Нетанјаху најавува акции против Хамас.

Израелските радија упорно го повторуваат последниот телефонски повик на Гилад Шаер, едно од убиените момчиња. Тој ја повикал полицијата ноќта на 12. јуни. „Ме киднапираа“, вели едвај чујниот глас. Полицаецот на другиот крај на линијата не слуша добро. „Долу главата, долу главата“, се слуша машки глас кој зборува хебрејски. Веројатно тоа е гласот на киднаперот, им објаснува радио-модераторот на слушателите. Потоа се слушаат истрели.

За бројни слушатели, снимката која се емитува на денот на погребот е емоционален момент. Слушателите бараат од владата веднаш да преземе мерки. Особено оние кои и припаѓаат на десницата. Тензијата во земјата расте. Се диференцираат две групи луѓе. Оние кои бараат одмазда, и оние кои повикуваат на смиреност.

Вчера, за време на погребот на момчињата, мнозинството присутни бараа остра реакција на државата против одговорните за злосторствата.

Според последните информации, некои веќе ја преземаат „правдата“ во свои раце. Рано утрово пронајдено е безживотното тело на едно палестинско момче во шума во близина на Ерусалим. Според медиумските извештаи, најверојатно момчето било претходно киднапирано од израелски радикали.

Израелската армија уште од понеделникот напаѓа цели во Појасот Газа. Стотици Палестинци се приведени, а шест млади момчиња веќе се убиени.

Нетанјаху не исклучува војна

Israel Soldaten Operation bei Hebron 01.07.2014

Операција на израелската армија во Хеброн

На политичко ниво, израелскиот совет за безбедност заседава веќе два дена, но засега нема конечна одлука за реакцијата. Премиерот Бенјамин Нетанјаху во вторникот ја соопшти целта: да се најдат и уапсат убијците, и сите кои имаат одговорност за киднапирањата, да се ослабне инфраструктурата на Хамас во западен Јордан, и да се делува против Хамас во Појасот Газа. Доколку е неопходно, Нетанјаху не исклучува ниту поширока воена акција. Радикалите во неговата влада веќе со денови заговараат масовна воена акција против Хамас во Газа, а војна никој не исклучува, јавува весникот „Хаарец“.

„Теоретски, израелската влада сега ги држи сите опции отворени, од еден „умерен одговор“, па сѐ до голема офанзива“, вели политичкиот аналитичар Шаул Шеј. „Од една страна тоа мора да биде остар одговор, за да се спречат идни слични киднапирања, но од друга страна, мора да се спречи натамошна ескалација на состојбата“.

На палестинска страна владее голема несигурност. Никој не се осмелува да прогнозира како ќе изгледаат наредните денови.

Реклама