Вонредна состојба во Минхен, мотивот на нападот останува нејасен | Свет | DW | 22.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вонредна состојба во Минхен, мотивот на нападот останува нејасен

Полицијата во Минхен и натаму трага по напаѓачите. Потврдена е смртта на деветмина. Заднината на нападите и натаму останува нејасна. Шефот на кабинетот на Меркел вели дека не може да потврди дали се работи за тероризам

Видеото снимено од случаен минувач прикажува човек во црна маичка кој со пиштол отвора оган врз луѓето кои безглаво бегаат од ресторан за брза храна, кај Олимпија трговскиот центар во Минхен. На друго аматерско видео, веројатно истиот напаѓач тврди дека е Германец роден во Германија и потоа се слушаат пукотници.

Deutschland Olympia Einkaufszentrum in München Hauptbahnhof Polizei

Железничката станица во Минхен е целосно евакуирана.

Полицијата потврди девет жртви во нападите за кои се сомнева дека ги извршиле тројца напаѓачи вооружени со пушки, според тврдења на очевидци. Можно е еден од загинатите да е еден од напаѓачите.

Шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Петер Алтмајер не можеше да потврди дека се работи за терористички напад, но ниту да демантира. Шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер вели дека мотивот на нападот и натаму е нејасен.


Специјални единици на германската полиција се во потрага по осомничени напаѓачи. Целиот град е под полициска опсада, а граѓаните се повикуваат да останат во своите домови.

Реклама