Водачот на терористите во Шри Ланка загинал во нападите | Свет | DW | 26.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Водачот на терористите во Шри Ланка загинал во нападите

По нападите врз цркви и хотели во Шри Ланка, полицијата интензивно трагаше по Захран Хашим - лидерот на исламистичката група, која ја смета одговорна за крвопролевањето. Но тој веќе бил мртов.

Човекот за кого се смета дека е лидер на вооружената група за која властите во Шри Ланка тврдат оти ги извршила бомбашките напади на католичкиот Велигден загинал во експлозија во хотелот „Шангри-Ла“, еден од шесте хотели и цркви кои беа нападати во насилството, во кое се убиени најмалку 250 луѓе, соопшти претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена.

Полицијата на својот Твитер профил објави дека Мохамед Захран Хашим, лидер на локалната вооружена група Нешенел Тохид Џамат, познат по екстремистичките говори на социјалните мрежи, загинал во еден од деветте самоубиствени бомбашки напади. Исто така, е соопштено оти полицијата го уапсила вториот човек во синџирот на команда во групата.

Повеќе:

-Да ѝ се спротивставиме на перверзната логика на тероризмот

-„Шри Ланка беше лесна цел“

-Нападите во Шри Ланка - дело на „Исламска држава“

Се наведува дека истражителите утврдиле оти воената обука на напаѓачите ја спровела групата која тие ја нарекуваат „Војска Мохидин“ и дека вооружувањето е набавено надвор од државата и од некои локации од источната покраина на Шри Ланка. Во врска со нападите досега се уапсени најмалку 58 лица, а полициската истрага е и натаму во тек. Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, изјави дека за околу 140 лица во државата е утврдено оти имаат врска со ИД и оти владата на Шри Ланка „има капацитет во целост да ги контролира“ активностите на ИД во државата.

Сирисена, меѓу другото, убјави и дека шефот на полицијата во Шри Ланка поднел оставка . „Генералниот инспектор во полицијата поднесе оставка“, рече шефот на државата во обраќањето за новинарите. Пуџит Џајасундара е втор по ред висок владин претставник во Шри Ланка кој ја напушти функцијата поради неуспехот на власта да го спречи масакарот по синоќешната оставка на највисокото официјално лице во Министерството за одбрана. Шри Ланка вчера го намали бројот на жртвите во самоубиствените напади на католичкиот Велигден речиси за третина, на 253 загинати.

Претходниот биланс изнесуваше 359 мртви, а изнесувајќи нови податоци официјалните лица рекоа дека некои тела се разнесени во експлозиите до непрепознатливост, па прецизното идентификување било отежнато.

DW.COM

Реклама