ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани слави победа во Скопје | Северна Македонија | DW | 31.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани слави победа во Скопје

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска за Градот Скопје убедливо води пред актуелниот градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов.

Nordmazedonien | Kommunalwahlen | Feier der Opposition

Славје пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕсо зурли и тапани ја прослaвува победата во Скопје, иако не се пребројани гласовите од сите избирачки места и не се соопштени првичните резултати од вториот круг. Пред партискиот штаб во главниот град се собираат партиски членови и поддржувачи на партијата, по првичните информации дека нивната кандидатка, Данела Арсовска убедливо води пред  кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник, Петре Шилегов. Според 43,53% од обработените гласови, Данела Арсовска води со 53.415 гласови, наспроти Шилегов за кого гласале 38.161 избирачи во Скопје. 

Nordmazedonien | Kommunalwahlen

Данела Арсовска во убедливо водство пред Петре Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа и во Охрид и во Битола. Кандидатот на опозицијата за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, на својот фејсбук-профил објави дека победил во вториот круг од изборите против Константин Георгиевски од СДСМ.„Благодарам Охриде. Победа“, напиша тој. Партијата започна прослава и за победата на својот кандидат, Тони Коњановски во Битола.

СДСМ го изгуби и Куманово 

Поранешниот социјалдемократ, кој на овие локални избори настапи како независен кандидат, Максим Димитриевски, започна да ја слави изборната победа со која ја зацементира градоначалничката функција со уште еден мандат. Тој повика на прослава на кумановскиот плоштад и веќе слави во својот изборен штаб, повикувајќи се на резултати од набљудувачите. 

Mazedonien Maksim Dimitrievski

Максим Димитриевски останува градоначалник на Куманово

Според информациите од официјалната страница на ДИК, според обработени 32,9 отсто од гласовите, независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски е во водство со 7.289 наспроти кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски кои има 6.317 гласови. 

Прослави и во Тетово 

Коалицискиот партнер во владата- ДУИ ја изгуби битката за Тетово. Кандидатот на Беса, Биљал Касами победи во вториот круг на локалните избори во Општина Тетово, извојувајќи предност пред досегашната градоначалничка од редовите на ДУИ, Теута Арифи. Таа вечерва го призна поразот и му посака успешна работа на Касами. 

„Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат. Му посакувам успешна работа, Тетово е град со многу предизвици“, изјави Арифи на прес-конференција. Според податоците на ДИК, по преброени 24 отсто од избирачките места, Касами има 1.700 гласови повеќе од Арифи.