ВМРО-ДПМНЕ слави македонска пролет, СДСМ очекува победа на нивниот кандидат | Македонија | DW | 21.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ слави македонска пролет, СДСМ очекува победа на нивниот кандидат

Опозициската партија најави победа на нивната кандидатка во неколку општини, како и водство во десетина други. СДСМ не соопшти резултати по општини, но нагласи дека во водство е нивниот кандидат.

Македонската пролет се случува, оцени вечерва Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференција, најавувајќи дека нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова веќе има победа во Пехчево, Јегуновце, Градско, Могила, Радовиш и во Ѓорче Петров. Тој рече дека според обработените податоци од 43 отсто од избирачките места, таа е во водство во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Штип, Свети Николе, но и во скопските општини Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.

Nord-Mazedonien Präsidentschaftswahlen Gordana Siljanovska Davkova (DW/P. Stojanovski)

ВМРО-ДПМНЕ најави водство на Сиљановска Давкова во повеќе општини

„Благодарност до граѓаните за секој даден глас. Се соочивме со низ прекршувања, прогон, притисоци од власта. И покрај тоа, генерално имавме мирен изборен ден. Стигнува правдата. Стигнува правдата наспроти неправдата. Македонија против Северна", порача Јанушев. 

Од штабот на владејачката коалиција, пак, велат дека по обработени над половина од избирачките места, во водство е нивниот кандидат Стево Пендаровски.

„Очекувана е неговата победа во првиот круг“, изјави Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ. 

Nord-Mazedonien Präsidentschaftskandidat Stevo Pendarovski (Reuters/O. Teofilovski)

СДСМ очекува победа на Пендаровски

Според податоците што ги објавува ДИК од обработени податоци од 27,16 отсто гласачки места, Стево Пендаровски има 2 отсто предност пред Сиљановска.

Додека јавноста ги чека финалните неофицијални резултати, единство извесно е задоволството од текот на изборниот ден, во фер и демократска атмосфера. 

По затворањето на избирачките места Кирацовски  оцени дека биле спроведени „скандинавски избори".

„Институциите со сите свои капацитети овозможија услови изборите да минат во најдобар ред, што е многу важно за нас како држава која наскоро ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ. Им благодарам на граѓаните кои во голем број го искористија своето избирачко право и кои со своето одговорно однесување придонесоа да имаме успешен изборен ден", рече Кирацовски.

Nord-Mazedonien Präsidentschaftswahlen - Blerim Reka (DW/P. Stojanovski)

Изборниот штаб на Река е загрижен поради малиот одзив на избирачите

Од Изборниот штаб на Блерим Река првиот круг од претседателските избори ги оценија како фер и демократски, но искажаа и голема загриженост заради малиот одзив на гласачите.

„Малиот процент на излезност на изборите за претседател на државата го потврдува нашиот податок од изборната програма дека 1/4 од граѓаните се иселени. Тоа е загрижувачки момент", изјави Рамадан Реџепи, портпарол на Изборниот штаб на Блерим Река.

Screenshots IDK: Wahlergebnisse in Mazedonien (rezultati.sec.mk)

Од веб-страницата на Државната изборна комисија во текот на пребројување на гласовите

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва им честиташе на граѓаните и на институциите за одлично спроведените избори.

„Гласањето во текот на денот мина во мирна и демократска атмосфера. Институциите покажаа дека може да организираат мирни и достоинствени избори како што и’ доликува на земја која е на пат кон ЕУ", рече Спасовски.

Реклама