Владо Камбовски- нов претседател
2 декември 2011Реклама
Академик Владо Камбовски ќе ја води Македонската академија на науки и уметности во наредните четири години. Тој беше и единствен кандидат за функцијата - претседател на МАНУ.
Седницата почна завчера вечерта зад затворени врати, но беше прекината поради прекин во снабдувањето со електрична енергија во центарот на Скопје.
Новиот претседател на МАНУ ќе го замени Геогри Старделов, чиј мандат истекува на крајот од годинава. Старделов беше прв човек на МАНУ од почетокот на 2008, кога функцијата ја наследи од академик Цветан Грозданов.
Автор:СН/ЖА/миа
Редактор: Жана Ацеска