Владиниот план за Брегзит - разочарување за пратениците | Свет | DW | 02.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владиниот план за Брегзит - разочарување за пратениците

Од британската премиерка Тереза Меј постојано се бараат повеќе детали околу стратегијата за Брегзит, но презентацијата на тн. Бела книга во Парламентот беше разочарување за британските пратеници

Британскиот министер задолжен за Брегзит, Дејвид Дејвис денеска во британскиот парламент го претстави со нетрпение очекуваниот стратешки владин план за излез од ЕУ и наиде на остра критика. Во изложениот документ, според оценките на опозицијата, нема речиси ништо ново. Министерот во презентираната тн. Бела книга ја повтори заложбата за излегување од европскиот заеднички внатрешен пазар и царинската унија, иако и двете работи веќе беа „протечени“ претходно. Документот, кој содржи 77 страници, всушност е проширување на говорот кој премиерката Тереза Меј го одржа во Лондон во средината на јануари, најавувајќи „тврд Брегзит“. Под притисок на опозицијата и критичарите во сопствените редови таа вети објавување повеќе детали од преговарачката стратегија во т.н. Бела книга.

Дејвис во говорот спомена „позитивно партнерство меѓу Велика Британија и ЕУ“, но беше неконкретен во поглед на неопходната контрола на бројот луѓе кои ќе пристигнуваат од другите земји на ЕУ. Во Велика Британија моментно живеат околу три милиони ЕУ-странци.

Претходно, Меј синоќа забележа неочекуван успех во Парламентот, големо мнозинство од пратениците во Долниот дом го прифати предлог-законот за Брегзит по дводневната дебата. Против беа дел од Лабуристите и од Шкотската национална партија. Шкотска со 62 проценти на референдумот се изјасни против Брегзит. Решавачкото гласање за законот за Брегзит е в среда, а потоа тој оди во Горниот дом на Парламентот.

Неодамна Врховниот суд на Велика Британијадонесе одлука дека одлучувачкиот збор околу изјавата за истапување, која земјата треба да ја достави до ЕУ, треба да ја има Парламентот.  

 

 

DW.COM

Реклама