Владата на Заев повторно ја доби довербата на пратениците | Северна Македонија | DW | 03.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Владата на Заев повторно ја доби довербата на пратениците

Владата доби поддршка од 62 пратеници. Опозицијата не присуствуваше на гласањето, иако изминатиот период беа се погласни во барањето на оставка

Собранието изгласа доверба на Владата, со 62 гласа „за“. Немаше пратеници коишто беа „против“ или „воздржани“. Опозицијата не присуствуваше на гласањето, иако изминатиот период беа се погласни во барањето на оставка на Владата. Премиерот Зоран Заев претходно усно побара од пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, користејќи го ваквото право, согласно Уставот и собранискиот деловник.

„Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опoзицијата. Да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опoзиција. Мора да е едното од двете, ако не и двете заедно“, рече Заев пред пратениците. Ваквиот повик се случи откако се одблокира парламентот, кој изминатиов период не можеше да функционира поради отсуство на дел од пратениците од седниците, но и по повиците на опозицијата за оставка на Владата и најавите за наводно формирање на ново мнозинство. Повикот на Заев денеска во парламентот го слушнаа сите 62 пратеници од владејачкото мнозинство.

-повеќе на темата: Мицковски во ВМРО, СДСМ на власт

Тој рече дека се одлучил да се повика на член 93 став 1 од Уставот којшто вели Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието, како и на член 217 став 2 од деловникот на работа на Собранието.
Според Деловникот, прашање за доверба на Владата може да побараат најмалку 20 пратеници во писмена форма и со образложување на причините. Прашање за доверба на Владата може да постави и премиерот во писмена форма или усно на седница на Владата. Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието. Ако на Владата и е изгласана недоверба, премиерот до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието го известува претседателот.

-повеќе на темата: Опозицијата со 3.000 амандмани го блокираше предлогот за онлајн Собрание

Заев изјави дека покрај сите обиди за опструкции и блокади од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново непостоечко мнозинство, за некоја нова нестабилност. „Само поради внатрепартиски цели во ВМРО-ДПМНЕ упорно се пласираат лаги со цел да се да се создаде перцепција на несигурност кај граѓаните, на неизвесност за економијата. Сепак, како и секогаш, вистината е најсилното оружје против лагите, лажните вести и невистините. Парламентарното мнозинство, јас, владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, незигурност, сопки, блокади и опструкции...“, порача премиерот пред да се гласа за доверба на Владата во парламентот. 
 

 

DW.COM