Високи гости ќе го поддржат македонскиот пат кон ЕУ и НАТО | Северна Македонија | DW | 01.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Високи гости ќе го поддржат македонскиот пат кон ЕУ и НАТО

Расте бројката на најави од фунционери на ЕУ и НАТО, премиери и државници кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија.

Deutschland Regierungsdelegation aus Mazedonien bei Kanzlerin Merkel (Government of Republic of Macedonia)

Ангела Меркел во септември во Скопје? (фото: македонскиот премиер Заев во разговор со Меркел за време на посетата на Берлин во февруари годинава)

Македонија не е сама во заложбите да ги забрза процесите кои водат кон нејзино полноправно членство во ЕУ и НАТО. Таа ќе добие и експертска, но и морална поддршка на тој пат, велат за ДВ дипломатски извори.

Прв сигнал за тоа е воената обука на 120 припадници на копнените сили на САД за Европа, која денеска треба да започне на воениот полигон Криволак, во рамки на билатералната соработка во одбраната меѓу Македонија и САД. Во наредните дваесет дена АРМ ќе обезбеди логистичка поддршка, помош и придружба и ќе врши набљудување на тренингот. Ова ќе биде првпат полигонот да се користи од страна на американски авијациски единици, откако неодамна беше сертифициран од страна на Седмата команда за обука на копнените сили на САД.

Гледај видео 01:41

Македонија во НАТО

„Обуката го потврдува и растечкото партнерство помеѓу Армиите на Република Македонија и САД и ја нагласува зголемената способност на Македонија да придонесува кон НАТО-алијансата“, оценуваат претставници од Армијата на САД.

Повеќе: Брисел: Потврдена поканата за членство на Македонија во НАТО

Соработката е фокусирана врз неколку главни цели: поддршка на Македонија да стане членка на НАТО, поддршка за претстојните реформи, поголема операбилност на македонската војска, развој на регионална соработка, и подготовка на македонските војници за учество во мисии за поддршка на глобалната безбедност. Претставниците на американските армиски сили полигонот Криволак го оценија како „необработен скапоцен камен“, на кој му треба модернизација и инфраструктура и ветија натамошна поддршка за негово развивање на ниво на стандардите на НАТО.

Пријателите сакаат Македонија да успее

Во меѓувреме расте бројот на најави од политичари од ЕУ, но и надвор од неа, кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија.

„Сите пријатели на Македонија сакаат да успееме и државата да оди напред“, вели  Бојан Маричиќ, посебен советник на премиерот и главен технички преговарач со ЕУ.

„Република Македонија добива секојдневна поддршка од целата меѓународна заедница која ќе се засили во периодот што доаѓа. Очекуваме поддршка за двата клучни процеса кои ни следуваат. Од една страна тоа се реформите, подготовката на скринигот со ЕУ и почеток на преговорите во јуни 2019 година, од друга страна тоа е референдумот, кој на крајот од септември ќе одговори на прашањето дали граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. Во мисијата на исполнување на овие две крупни задачи Македонија ќе ја посетат политичари и дипломати од највисок ранг од институциите на ЕУ, НАТО и клучните држави членки на овие организации“, потврдува Маричиќ.

Повеќе: Заев во Скопје ги донесе пријателите на Македонија

Тој не сака да спомнува конкретни имиња, но од дипломатски извори дознаваме дека ќе има „вистинска врвулица од гости“. Според непотврдени информации, покрај (нај)високи функционери од ЕУ и НАТО, се очекува во земјата да допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Шпанија и Канада.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама