(Видео) Пустош по невремето на Халкидики, нема повредени Македонци | Панорама | DW | 11.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

(Видео) Пустош по невремето на Халкидики, нема повредени Македонци

Грчките власти потврдија дека шест лица загинале во големото невреме кое синоќа го зафати туристичкиот регион Халкидики. Повредени се повеќе од 65 луѓе

Шест лица загинале, а најмалку 65 се повредени во бурата проследена со силни ветрови и пороен дожд која синоќа го зафати регионот на Халкидики и Северна Грција. Според грчките власти, 35 од повредените се хоспитализирани. Бурата рушела дрвја, превртувала автомобили и предизвикала голема материјална штета.
Двајца од загинатите ги загубиле животите откако ветрот го превртел нивното возило, додека две лица- мајка и нејзиното малолетно дете загинале откако врз нив паднал кров од ресторан. Преостанатите две жртви настрадале од паднати дрвја.


Во регионот е прогласена вонредна состојба. Денеска состојбата е мирна, а екипи работат на терен на санирање на штетите.
Според македонското Министерство за надворешни работи, во невремето нема настрадани македонски државјани.

Погледнете повеќе во видеото: 

Гледај видео 01:34

Невремето остави пустош на Халкидики

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама