(Видео) Демонстранти понижуваа градоначалничка во Боливија | Свет | DW | 08.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

(Видео) Демонстранти понижуваа градоначалничка во Боливија

Насилството во јужноамериканската држава зема драматичен развој откако демонстранти нападнаа и понижуваа градоначалничка на едно мало место. Видеото од настанот предизвика жестоки реакции.

Гледај видео 00:45

Градоначалничка истрижена и полиена со боја

Претседателот на Боливија Ево Моралес го осуди нападот врз градоначалничка од страна на опозициски демонстранти кои насилно и ја истрижаа косата, ја полеваа со боја и ја тераа да пешачи по улиците босонога.
Боливија ја тресат насилни протести на опозицијата која тврди дека Моралес го лажирал својот реизбор на претседателските избори минатиот месец. Најмалку три лица досега загинаа во протестите кои започнаа по 20 октомври.

Во градчето Винто, опозициски демонстранти упаднаа во општинската зграда и ја извлекоа надвор градоначалничката Патрисија Арсе, а потоа го запалија објектот. Арсе е член на владејачката партија Движење за социјализам на Моралес.

Телевизиските снимки ја прикажуваат Арсе на земја, со истрижена коса и покриена со црвена боја. Демонстрантите потоа ја терале да пешачи по градските улици, пред да биде спасена од полицијата.

Bolivien Polizei rettet Vinto-Bürgermeisterin Patricia Arce Guzman auf Motorrad (Reuters/Los Tiempos Bolivia/D. James)

Арсе беше спасена со полициска интервенција

„Ова никогаш не се случило во нашата демократија. Ова се нарекува фашизам: напади врз жени, напади поради нечие етничко потекло. Боливија се соочува со фашистички бран“, изјави потпретседателот Алваро Гарсија.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама