Вербална војна меѓу Москва и Атина | Свет | DW | 19.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вербална војна меѓу Москва и Атина

Одлуката на Грција да исфрли двајца руски дипломати поради мешање во внатрешните работи и натаму предизвикува реакции од Русија. Москва ја обвинува Атина за „валкани провокации“.

Russland Präsidentswahlen | Außenministerin Maria Zakharova (picture-alliance/dpa/Sputnik/K. Kallinikov)

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова

Русија продолжи со критиките на сметка на Атина поради исфрлањето на двајца нејзини дипломати, обвинувајќи ја грчката влада дека учествува во „валкани провокации“ поради планот на Македонија да стане членка на НАТО.

Грција ги исфрли руските дипломати откако беше откриено дека помагале во финансирање на протестите против договорот со кој беше ставен крај на деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова вчера изјави дека Грција дејствувала под притисок на своите воени сојузници.

„Јасно ни е дека врз Грција бил вршен притисок од највисоко ниво“, изјави Захарова. Таа го нарече протерувањето „сурово и неоправдано“ и се закани дека тоа „нема да мине без последици“.
Од протерувањето на руските дипломати на 11 јули, грчките власти инсистираат дека сакаат да ги одржат традиционално добрите односи со Русија. Но изјавите на Захарова предизвикаа жесток одговор од грчкото МНР.

Гледај видео 02:03

Грците го бранеа името „Македонија“

„Постојаното непочитување кон Грција мора да престане. Никој не може ниту има право да се меша во грчките внатрешни работи“, соопшти министерството.
„Руските власти многу добро знаат што прават нивните луѓе. Доказите врз основа на кои делуваше Грција им беа навремено презентирани на руските власти“.

Левичарската влада во Грција подолго време се залага за подобрување на односите меѓу Западот и Русија. Грција не се приклучи на исфрлањето на руски дипломати како повеќе нивни сојузници од НАТО по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија. 
Слични обвинувања за мешање на руски бизнисмени во протестите во Македонија против договорот за името стигнаа и од македонскиот премиер Зоран Заев. 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама