1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вербален ТВ-судир меѓу Ле Пен и Макрон

ЖА
4 мај 2017

Француските претседателски кандидати Ле Пен и Макрон имаа жесток ТВ-дуел пред вториот круг на изборите в недела. Макрон ја обвини десничарската екстремистка за расцеп на општеството, а таа него за социјална бруталност.

https://p.dw.com/p/2cK5a
Frankreich Wahl TV-Debatte - Marine Le Pen & Emmanuel Macron
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Feferberg

Марин Ле Пен, кандидатката на десноекстремистичкиот Национален фронт, уште од почетокот на нивното телевизиско сочување, жестоко го нападна својот ривал, поранешниот министер за економија Емануел Макронза наводни заложби за „социјална бруталност“ и „борба на секој против секого“, а таа напротив се претстави како „кандидатка на народот“. Макрон од својастрана ја критикуваше Ле Пен што нема никакви предлози за намалување на невработеноста, што не само што го носи името на својот татко, туку ја наследи и ја води неговата десничарска партија. Ле Пен шири лаги и бесмислици,oтелотворувајќи го „духот на порази и неуспеси“ и создавајќи негативна слика за Франција, рече Макрон, истакнувајќи ја својата цел- успех и изградба на силна Франција. 

Партиски независниот кандидат Макрон ја обвини Ле Пен за отуство на било каков конкретен економски план за земјата и предизвикување поделби во француското општество, дискриминација на луѓето поради нивното потекло и религија. Ле Пен ги отфрли обвинувањата како целосно погрешни, повторувајќи ја заложбата за повторно воведување на француската национална валута, зашто еврото е „валута на банкарите, а не на народот“. Од в недела со Франција во секој случај ќе владее жена, или таа или германската канцеларка, порача Ле Пен, обвинувајќи го Макрон дека не прави ништо без знаење на Ангела Меркел, а дека во односите меѓу Германија и Франција постои нерамнотежа, во суштина 'ркулец на војна. И во претходна дебата Ле Пен изјави дека не сака да биде вицеканцеларка на Меркел.

Проевропски ориентираниот Макрон во првиот круг од изборите на 23. април освои најголем број гласовии се смета за јасен фаворит во вториот изборен круг, в недела. Анкетите на јавното мислење му предвидуваат 60 проценти, наспроти 40 за Ле Пен.