Венецуела се подготвува за „мајката на сите демонстрации“ | Свет | DW | 19.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Венецуела се подготвува за „мајката на сите демонстрации“

По опозицијата, и владата најави големи демонстрации - за истиот ден. Приврзаниците на двата табора денеска би можеле да се сретнат во Каракас. Дали полицијата ќе се обиде да спречи судири, е големо прашање.

Во Венецуела засилено се зборува за граѓанска војна. По „жешката“ велигденска недела со шест мртви и десетици повредени за време на опозициските протести против владата, опозицијата повика на „мајката на сите протести“: на 19 април 2017, народот се повикува да излезе на улиците на сите градови против владата на Николас Мадуро.

Симболичен датум

Датумот не е случајно избран. На 19 април 1810 година е формирано венецуеланското движење за независноста од шпанската круна. Револтот во Каракас се претвори во повеќегодишна братоубиствена војна меѓу европските и американските Шпанци и на крајот заврши со независност за јужноамериканските држави. Лидер на креолските трупи беше, денес сеприсутниот, Симон Боливар, на чие наследство се повикуваат и Чавистите во Венецуела.

Оттука, јасно беше дека владата на денот на големиот национален празник нема да ѝ ги препушти улиците на главниот град на опозицијата. И таа повика на контрадемонстрации. Дека властодршците во Каракас нема да се повлечат пред опасноста од граѓанска војна, досега покажаа во неколку наврати. 

Venezuela vor Zerreißprobe | Opposition und Polizei geraten aneinander (Reuters/C.-G. Rawlins)

Експертите стравуваат од ескалација на насилството во Каракас

Еден милион вооружени цивили

Во понеделникот, претседателот Николас Мадуро најави дека планира да го забрза формирањето на „боливарска милиција“. Во моментов, владините милиции имаат речиси 500 илјади членови, изјави Мадуро на националната телевизија, а наскоро треба да достигнат еден милион. Притоа, тој планира да го вооружи секој член на милицијата. Правните експерти велат дека такви единици не смеат да постојат. За Хозе Игнасио Хернандез од Универзитетот во Каракас, вооружувањето на цивили е противуставно. Но венецуеланската влада тврди дека „боливарската милиција“ е своевидна доброволна дивизија, која е поддршка за националните безбедносни сили. Милицијата не е единствената вооружена формација која ѝ е на располагање на владата. Тука спаѓаат и т. н. Колективос - формално граѓански организации кои од име на владата извршуваат социјални задачи. Но, нивна задача е и заштита од криминал, со што се оправдува нивното вооружување.

Venezuela Nicolas Maduro (Getty Images/AFP/F. Parra)

Николас Мадуро

Нападите од овие групи врз антивладини демонстранти беа забележани уште во 2014 година од Хјуман Рајтс Воч. „Во одредени случаи, безбедносните сили од страна гледаа како вооружени банди ги напаѓаат демонстрантите“. Тогаш беа убиени 43 лица.

Во пресрет на денешените протести, расте стравот од повторување на тие сценарија. Штефан Петерс од Универзитетот Касел вели дека „можноста од директни судири е надвиснат како Дамоклов меч над 19 април“. Но, тој не верува дека е можна граѓанска војна: „На голем дел од опозицијата ѝ е јасно дека во едно сценарио на екстремно политичко насилство не може да победи. Владата знае дека ќе загуби секаква внатрешна и надворешна поддршка, доколку состојбата драматично се влоши“, вели Петерс.

 

DW.COM

Реклама