Венецуела на чекор до имплозија | Свет | DW | 06.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Венецуела на чекор до имплозија

Извештаите за атентат врз претседателот Николас Мадуро отвораат повеќе прашања одошто одговори, освен едно: единствениот кој профитира од сето ова е самиот Мадуро, смета Ута Тоферн

Venezuela | Explosion während Rede Maduros (picture-alliance/Xinhua News Agency)

Претседателот Николас Мадури во пресрет на наводниот атентат во неделата

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро тврди дека против него биле организирани повеќе од 20 атентати, но ниту еден не успеал да го повреди. Напротив, неговиот режим излегува посилен од секој наводен атентат, без оглед дали тој бил „изведен“ од „империјалисти“ или од десничарската опозиција во неговата земја.
Последниот инцидент, за кој одговорноста ја презема движењето „Војници во маички“, покажува дека Венецуела не само што е во длабока политичка и економска криза, туку стаса и во ерата на „лажните вести“. Нејасно е дали Мадуро воопшто беше нападнат од дрон. Агенцијата Асосиејтед прес цитира пожарникарски служби кои тврдат дека се случила експлозија на плинска боца во стан.
Мадуро го користи секој нов инцидент како повод за нов „лов на вештерки“ против опозицијата, навреди против соседите како Колумбија, и секако за чистки во сопствените редови и во армијата. Секој инцидент служи за пренасочување на вниманието од неподносливите проблеми на земјата.

Бензинот поевтин од водата

Наводниот напад се случи за време на парадата за одбележување на 81 годишнина од Националната гарда на Венецуела- и три дена од најавата на Мадуро за нова политика за снабдување со бензин, која пак се случи за време на чуден курцшлус кој го остави главниот град Каракас без струја повеќе часови.

Thofern Uta Kommentarbild App

Ута Тоферн


Субвенциите за бензин одат во пакет со владиниот план за користење на автомобили, и само оние кои ќе се пријават за акцијата ќе можат да добијат субвенција за бензин. Венецуела има најевтин бензин во светот, но поголемиот дел се увезува без оглед што земјата е еден од најголемите светски производители на нафта, затоа што нејзината нафтена индустрија е во распад.
ММФ неодамна најави дека инфлацијата годинава може да достигне еден милион проценти. Владата во Каракас одлучи да избрише пет нули од својата валута, боливарот, откако во март веќе избриша три нули. Дури и инфлацијата е побрза од плановите на диктаторот.

Деца кои гладуваат

Владата на Венецуела дели субвенции и за многу други потребштини: енергија, локален транспорт, храна и медицина, практично за сѐ што и недостасува на земјата затоа што Венецуела нема валута која може да го поддржи увозот. Што е најстрашно, „боливарската револуција“ ги парализираше производните и услужните капацитети на земјата. Има безброј извештаи за болни луѓе кои не можат да добијат нега во пренатрупаните болници, за прегладнети деца, за мајки кои се обидуваат да побегнат и илјадници луѓе кои емигрираат.
Обидите на владата да делува изгледаат сѐ повеќе безнадежни, затоа што и се безнадежни. Венецуела е толку до темел уништена што ќе бидат потребни децении за некогаш најбогатата земја во Латинска Америка да си поврати барем дел од стандардот на живеење во однос на своите соседи. Најавеното олеснување на девизниот курс нема да помогне: набрзо, дури и најлојалните следбеници на претседателот Уго Чавез, кои ја основаа Боливарската револуција, нема да можат да врзат крај со крај.

Гледај видео 00:32

Грабежи во супермаркетите во Венецуела


Нема ништо поопасно за една влада од прекинот на субвенциите, како што покажаа многу други примери во Латинска Америка, и во самата Венецуела. Мадуро го знае тоа, без оглед колку и да е неизбежно. Неговиот режим ја води Венецуела директно во провалија.
Тоа не го оправдува нападот врз него, но нема ни причина за такво нешто. Голем број потенцијални наследници стојат зад него знаејќи дека немаат што да добијат, но имаат од што да се плашат. Сѐ наведува на можна имплозија: само е прашање на време кога ткн. социјализам на 21 век ќе колабира самиот од себе.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама