Венецуела „на нозе“ - големи протести во Каракас | Свет | DW | 02.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Венецуела „на нозе“ - големи протести во Каракас

Стотици илјади луѓе протестираа на улиците на Каракас, барајќи одржување на референдум за смена на државното раководство. Во главниот град се собраа и околу 30.000 поддржувачи на претседателот Николас Мадуро.

Стотици илјади луѓе во Каракас демонстрираа против социјалистичкиот претседател Николас Мадуро. Конзервативната опозиција, која повика на протести, зборува за „историски марш“. Демонстрантите од Мадуро бараат да дозволи одржување референдум за негова смена. Неопходниот број потписи за референдум опозицијата го собра уште во мај. Националната Изборна комисија на средината од август донесе временски план со кој одржувањето на референдумот би можело да се оддолжи до 2017 година.

Вчера демонстрираа и околу 30 илјади приврзаници на Мадуро. За да не дојде до судири меѓу двата табора, беа ангажирани огромен број полицајци.

Венецуела се наоѓа во тешка економска криза поради падот на цената на нафтата. Земјата се бори со висока стапка на инфлација, снабдувањето е отежнато, а криминалот е во постојан пораст. Поради кризата, поддршката што социјалистите ја имаат кај населението е сѐ помала.

Гледај видео 01:24
Now live
01:24 минути

Венецуелците бараат „Референдум сега!“

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама