Венецуела затвора и други граници | Свет | DW | 20.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Венецуела затвора и други граници

Владата во Каракас ги прекина поморските и воздушните врски со блиските холандски карипски острови. Еден од нив - Курасао, беше најавуван како појдовна точка за испораките на помош во Венецуела.

Помеѓу Венецуела и островите Холандски Антили - Аруба, Бонаир и Курасао повеќе не смеат да сообраќаат авиони и бродови, соопштија венецуелските власти. Вршител на должноста претседател на Венецуела Николас Мадуро досега не го коментираше затворањето на морската граница.

Островот Курасао, кој се наоѓа на само 80 километри од Венецуела, во последните денови беше споменуван како можен центар за помош за испораките на странска помош за Венецуела.

Повеќе:

-Во Венецуела нема лекови

-Нова Студена војна во Венецуела?

Карипскиот остров е самостојна земја во рамките на Кралството Холандија. Досега, според проценките на организациите за човекови права, околу 15.000 Венецуелци пребегале на Курасао.

Меѓународната хуманитарна помош сé повеќе станува алатка во борбата за власт помеѓу самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо и Николас Мадуро. Гуаидо ја повика владата на Мадуро до сабота да дозволи  влегување во земјата на хуманитарната помош која главно е испорачана од САД.

Мадуро категорично одбива. Тој во помошта гледа само плашт под кој треба да се подготви американска воена интервенција во Венецуела. Поради таа причина, венецуелската армија во моментов не им дозволува влез во земјата на неколку камиони со хуманитарна помош кои чекаат на границата во соседна Колумбија.

 

DW.COM

Реклама