Венеција: Лутина поради недоволната заштита од поплави | Свет | DW | 14.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Венеција: Лутина поради недоволната заштита од поплави

Се чини дека најлошото помина. Но, опасноста во Венеција по катастрофалните поплави сѐ уште не е надмината. Многу жители се лути што политиката потфрлила. Уште погласни се критиките за проектот за заштита од поплави.

Венеција се бори со последиците од разорните поплави. Италијанската цивилна заштита предупреди од ново невреме во регионот на Венеција. Висината на водата сепак нема да достигне рекордно ниво како во ноќта кон средата. Министерството за култура денеска започна инспекција на можната настаната штета во базиликата Свети Марко. Премиерот Џузепе Конте, за време на посетата на поплавеното подрачје, најави дека владата ќе прогласи вонредна состојба за градот кој е под заштита на УНЕСКО како светско наследство.

Повторно се разви жестока дебата околу скандалозниот проект за заштита од поплави. Нивото на водата поради силните ветришта ноќта кон средата се искачи на 187 сантиметри над морското ниво – највисоко по катастрофалните поплави од 1966 година. Денесна се очекува нивото да биде повисоко за 130 сантиметри. Научниците посочуваат дека поголемите поплави во Венеција се должат и на климатските промени поради кои расте и нивото на морињата.

Од поплавите е погодена и базиликата Свети Марко, како и многу хотели, дуќани и куќи. Потопени се и бродови, а разурнати се и ѕидови. Министерот за култура Дарио Франческини зборува за „вонредна ситуација“. Поради изложеност на солена и нечиста вода, загрозени се многу споменици на културата. Но, според првичните сознанија, уметнички дела или збирки, како и материјали од библиотеки и архиви, не биле оштетени.

Italien Hochwasserschutz l M.O.S.E. Projekt in Venedig (picture-alliance/dpa/G. Marcoaldi)

Венеција е често загрозена од поплави

Училиштата и градинките и денеска се затворени, а бродскиот сообраќај е екстремно ограничен. Операта Ла Фенис откажа серија претстави. Уметничкото биенале, пак, соопшти дека повторно ќе биде отворено откако во средата објектот беше затворен, а уметничките дела проверувани дали им е настаната штета од поплавите.

Додека туристите ги фотографираат огромните количества вода, жителите на Венеција се шокирани.

„Вакво нешто не сум видел досега. Ова е катастрофа. Ова е како во војна. Знаевме дека ќе се случи еден ден”, вели Ецио Тофолути.

Продавници и супермаркети се наоѓаат вообичаено во приземје, па затоа се најпогодени. Опасност демне од електричните инсталации. „Ужасно време”. Тофолути го критикува системот „Мосе” кој чинел милијарди и требало да го заштити градот од поплави со помош на подвижни бетонски бариери. Според него, проектот бил „глупав”, бидејќи „секој кој ја познава лагуната знае дека не може да се затвори со бетон”. Многу жители им префрлаат на политичарите дека го продале градот на туристи и компании за крстарења и дека не биле вистински ангажирани за негова заштита.

Italien Hochwasserschutz l M.O.S.E. Projekt in Venedig (Getty Images/AFP/V. Pinto)

Системот „Мосе“ е предмет на критики

Градоначалникот Луиџи Бруњаро, пак, инсистира да се заврши проектот за заштита од поплави кој беше проследен со многу скандали. Тој смета дека катастрофи како актуелната можеле да бидат спречени со „Мосе”. Изградбата која веќе чинела околу шест милијарди евра се одолговлекува со години заради корупциски скандали и критиката од активисти за заштита на околината. Медиумите проектот го оквалификуваа како „големиот незавршен”. Премиерот Конте изјави дека градбата била „92 до 93 проценти готова”:

„Венеција е културно наследство на Италија и на човештвото. Нужно е да се решат серија историски проблеми.”

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама