„Велт“: Турција шпионира германски пратеници | Свет | DW | 28.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Велт“: Турција шпионира германски пратеници

Турската тајна служба забрзано собира информации за германски политичари, пишува весникот „Велт“.

Berlin in der Nacht (sborisov - Fotolia.com)

Бундестагот во Берлин

Германската криминалистичка служба (БКА) ги предупредила германските пратеници за активностите на турската тајна служба, стои во извештај на весникот „Велт“. Според текстот, во визирот се политичари кои се фокусирани на надворешната, внатрешната и одбранбената политика. Затоа БКА со одреден број пратеници веќе водела т.н. безбедносни разговори. Притоа, станало збор и за можно шпионирање од страна на турската тајна служба, како и опасноста што произлегува од турските националисти.

„Заштитата на членовите на Бундестагот е законска обврска на БКА“, изјавил за весникот „Велт“ портпарол на БКА. Во овој контекст, во „последните недели“ се воделе „безбедносни разговори“.

Поради сомневање за турски шпионски активности во Германија, Сојузното обвинителство во Карлсруе на почетокот на годинава веќе почна истражна постапка. Станува збор за можно шпионирање на турски опозиционери во Германија, меѓу нив и приврзаници на движењето на Ѓулен. Турската влада ги обвинува приврзаниците на Ѓулен за неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година.

Односото на Германија и Турција е оптоварен подолго време. Меѓу другото, се води спор околу масовните апсења по обидот за пуч во Турција, за сатиричната песна на Јан Бемерман, за резолуцијата на Бундестагот за Ерменија, како и околу јавнитенастапи на турски политичари во Германија и обвинувањата за шпионажа против Исламскиот сојуз во Германија - Дитиб. Освен тоа, Германија и Турција спорат и за апсењето на новинарот на „Велт“ - Дениз Јуџел.

DW.COM

Реклама