Велика Британија ќе го екстрадира Џулијан Асанж во САД | Свет | DW | 17.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Велика Британија ќе го екстрадира Џулијан Асанж во САД

Испорачувањето на основачот на Викиликс во САД се чини сѐ поблиску. На 50-годишниот Австралиец таму му се заканува казна до 175 години затвор поради обвинение за шпионажа.

Велика Британија ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател го потпишала потребниот документ, соопштија од нејзиното министерство денеска во Лондон.

По повеќегодишни натегања и процеси пред различни судови, на потег беше британската влада. Британскиот Врховен суд во Лондон на крајот на ланската година ја укина забраната за испорачување на  Асанж,  донесена со образложение за неговата тешка психичка состојба. Но, првично беше нејасно дали и кога би бил екстрадиран  50-годишниот Австралиец,  зашто според неговите поддржувачи, правните средства кои му стојат на располагање уште не се исцрпени. Тие стравуваат, без оглед на спротивните уверувања кои стигнуваат од Вашингтон, дека тој би бил сместен во некој од најдобро обезбедуваните затвори. 

Американското правосудство го обвинува  Асанж за шпионажа, во случај да биде осуден за тоа дело, му се закануваат до 175 години затвор. Асанж се товари дека заедно со „свиркачката“ Челзи Менинг, украл строго доверлив таен материјал за воените операции на САД во Ирак и во Авганистан, и со нивното објавување го довел во опасност животот на американските информанти.

Поддржувачите на  Асанж во него пак гледаат истражувачки новинар кој извел на виделина воени злосторства, и тврдат дека со неговиот случај се сака да се замолчат критичките инвестигативни гласови.