Велика Британија: Коронавирусот „коси“ во старечките домови – 12.500 мртви | Свет | DW | 16.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Велика Британија: Коронавирусот „коси“ во старечките домови – 12.500 мртви

Во текот на март и април илјадници станари на старечки и домови за нега умреле како последица од инфекција со коронавирус. Има обвинувања дека клиниките предвремено ги отпуштале заболените станари.

За само два месеци, март и април, во регионите Англија и Велс починале 12.526 станари од белодробната болест Ковид-19, соопшти вчера националната Служба за статистика, ОНС во Лондон. Во извештаи во медиумите, се тврди дека Комисијата за рамноправност и човекови права на британската влада се зафатила со испитување на обвинувањата, според кои болниците предвремено ги отпуштале заболените станари на старечките и домовите за нега.

Според наводите на Службата за статистика, две третини од станарите умреле во старечките домови, една третина во болници. Но, статистичарите сметаат дека постои значително повисока тена бројка, се претпоставува дека оваа година во првите четири месеци умреле 23.000 повеќе луѓе во домовите за нега отколку во истиот период лани. 

Infografik - Anzahl Toter in Pflegeheimen in England und Wales - EN

Драстичен скок на бројот на починати во домовите за нега во Англија и Велс

Британскиот премиер Борис Џонсон оваа недела во парламентот призна дека бројот на жртви од Ковид-19 во старечките домови е „превисок". Но, тој ги отфрли обвинувањата кои ја товарат неговата влада за презадоцнето снабдување на домовите за нега со заштитна опрема: тој најави дополнителни 600 милиони фунти за опремување на овие институции.

Повеќе:

Ковид-19: Велика Британија го презема мрачниот примат во Европа

Џонсон: Џени од Нов Зеланд и Луис од Португалија ми го спасија животот

Половина од жртвите на Ковид-19 во Европа се во старечки домови

Старечки домови: Жртвите од коронавирусот кои никој не ги брои

Владата на Џонсон беше мета на жестока критика поради тоа што во статистиката на смртни случаи од коронавирус, најпрво не ги земаше во предвид починатите од оваа болест во старечките и домовите за нега.  

Мерено според бројот на смртни случаи, Велика Британија во меѓувреме е на второ место во светот меѓу земјите погодени од пандемијата на коронавирус, веднаш по САД. До први мај во Велика Британија починале преку 34.000 луѓе од коронавирус, најголем дел во Англија и Велс.

Експерти се убедени дека фактичките размери на пандемијата ќе бидат видливи дури по неколку месеци. Службата за статистика укажува во овој контекст на високата стапка на смртност во земјата, која е можна индиција реалниот број на умрените од корона да изнесува речиси 50.000 луѓе.

Поврзана содржина

Реклама