Велика Британија и Иран бараат дипломатско решение на конфликтот | Вести | DW | 03.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Велика Британија и Иран бараат дипломатско решение на конфликтот

Владите на Иран и Велика Британија започнаа нови разговори околу конфликтот со 15 уапсени британски маринци. Британскиот премиер Тони Блер изјави дека наредните два дена ќе бидат критични. Најважно е 15 војници да бидат ослободени неповредени. Влијателниот претседател на Националниот совет за безбедност на Иран, Али Лариџани претходно истакна дека постои интерес работите брзо да се разрешат по дипломатски пат. Тој не гледа причина за отварање судски процес. Техеран им префрлува на војниците дека на 23 март со брод навлегле во ирански територијални води.