Вевчанци одново во препознатлив елемент | Северна Македонија | DW | 13.01.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вевчанци одново во препознатлив елемент

Со парада под маски на групите од Горно и Долно маало денеска во Вевчани се одржа Вевчанскиот карневал со кој традиционално се пречекува Старата Нова година - Василица.

Карневалот официјално го отвори македонската министерка за култура Елизабета Канческа- Милевска со пораката дека Вевчанскиот карневал е бренд на државата, кој ја негува богатата традиција и обичаите.

Вевчанскиот карневал е меѓу најпознатите на Балканот кој се негува повеќе од 1400 години. Во деновите кога се слави доаѓањето на Старата нова година, Вевчани се претвора во голема отворена сцена, а настанот секоја година го посетуваат голем број гости од Македонија и од странство.

Карневалот и посебно дефилето на маски, на кое учесниците често многу креативно и со хумор и сатира се „соочуваат“ со општествените, државните и глобалните текови и проблеми важи за синоним на слободниот дух и гордоста на Вевчанци

Годинава Вевчанскиот карневал опфаќа повеќе настани, а манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските утре на 14 јануари.

Реклама