Вевчанскиот карневал низ фотографии | Северна Македонија | DW | 15.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вевчанскиот карневал низ фотографии

Веќе 14 векови во Вевчани, во близина на Охрид се одржува карневал посветен на Св. Василиј кој се слави како заштитник на селото. Со тоа Вевчани во 1993 година стана дел од Светската федерација на карневалски градови

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и  необично преплетување на пагански со христијански обичаи.  Вевчанскиот карневал во суштина е обичај
под маска, кој се нарекува „Свети Васиља“ (Василица). Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сe до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат
василичари. Секоја година задолжителни се маските на зетот и невестата, на музичарите, на Глупи Aвгуст и на ѓаволите. Особено е карактеристична маската на Глупи Август.
 

Реклама