Вебер: Не може Турција да преговара со ЕУ, а Северна Македонија не | Северна Македонија | DW | 27.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вебер: Не може Турција да преговара со ЕУ, а Северна Македонија не

Лидерот на фракцијата на Европската народна партија во Европскиот парламент Манфред Вебер побара ЕУ уште на самитот во декември да одобри почеток на преговорите со Северна Македонија

Sitzung Europäisches Parlament - Wahl EU-Kommission Ursula von der Leyen (picture-alliance/dpa/P. von Ditfurth)

Манфред Вебер и Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент

Манфред Вебер ги повика шефовите на држави и влади на ЕУ да одобрат почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија уште до крајот на годинава.
На следниот самит на ЕУ во декември, Европскиот совет мора да даде зелено светло за тоа, порача германскиот политичар за време на парламентарната расправа во Стразбур.
Недозволиво е, од една страна да течат преговорите со Турција, а од друга страна, на Северна Македонија да и се кажува дека не може да биде членка на ЕУ.
„Ова што го правиме е лудо“, рече Вебер. Според него, она што се случило на самитот на ЕУ во октомври е „трагедија“.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во излагање пред Бундестагот порача дека ЕУ мора да започне преговори со двете балкански земји. Притоа, Меркел прифати дека преговарачкиот процес мора да се реформира, како што бара претседателот на Франција Емануел Макрон.

Денеска и новата претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен при претставувањето на својата програма ја потврди „европската перспектива“ на земјите од Западниот Балкан. Таа се заложи за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама