Вашингтон ја предупредува Србија поради руското оружје | Свет | DW | 08.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вашингтон ја предупредува Србија поради руското оружје

Американската администрација е загрижена поради руското оружје кое веќе подолго време пристигнува во Србија. Но, по презентацијата на системот С-400 во Белград, загриженоста може да премине во закана

Можноста Србија да продолжи да се снабдува со руско оружје, и особено со ракетниот систем С-400 го вклучува алармот во Вашингтон. Портпарол на Стејт Департментот за Дојче веле ги повторува апелите до сите земји да се откажат од такви трансакции со Русија. Игнорирањето на тие предупредувања носи со себе ризик од наметнување санкции, согласно американските закони.
Повеќе пати на високи претставници на Србија им ја изразивме нашата загриженост поради набавката на руска воена опрема, која би вклучувала и ракетни системи од типот „Панцир“, велат во Стејт Департментот. Руските ракети со долг домет од типот земја-воздух, познати и како С-400, претставуваат најсофистицирана воена опрема која Москва ја извезува во држави способни да ја платат.

Жолт картон за Белград

Експертот за Балканот од тинк-тенкот Атлантски совет, Димитар Бечев се сомнева дека Србија, сепак, ќе го купи тој систем.
„Тоа би била значителна инвестиција за Србија“, вели Бечев. „САД би можеле да и наметнат санкции на Србија доколку тоа се случи, но се уште не е дојдено дотаму“, објаснува Бечев, дополнувајќи дека е неизвесно што ќе се случува и со најавените санкции кон Турција поради купувањето на истиот систем. 
Дополнително, можностите на САД во однос на Србија се лимитирани и поради стратешките определби на Белград.
„САД немаат голема моќ над Србија, бидејќи таа не сака да стане членка на НАТО. Санкции или казни се најробустното средство на располагање, но не мислам дека тоа наскоро ќе се случи“, заклучува Бечев. 
Откако САД започнаа нова дипломатска офанзива на Балканот, во прв ред поради решавањето на спорот меѓу Косово и Србија, повторно оживеаја и предупредувањата и препораките кон земјите од регионот. По минатонеделната посета на Белград, специјалниот американски пратеник за Западниот Балкан, Метју Палмер повеќе не споменуваше закани за санкции.
Но, предупредувањата од Вашингтон остануваат бидејќи распоредувањето на рускиот арсенал во Србија би значело дека тоа оружје е на самата граница со НАТО.
Професорот Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон предупредува дека не смее да се остави никаков простор за „конфузија“ околу купувањето оружје од страна на Србија, ниту меѓу двајцата американски пратеници на Балканот, Палмер и амбасадорот во Германија Ричард Гренел.
„Навистина, американсата политика за купување оружје од Русија и Кина и мене ми делува целосно збунувачки“, вели Сервер. Тој смета дека треба да се праша Белград дали Србија се вооружува со офанзивно или со одбранбено оружје? Тој забележува дека меѓу Србија и Хрватска во моментов постои „трка во вооружување“. А тоа ги загрижува сите во регионот, но и меѓународната заедница.






 

DW.COM

Реклама