Вархеји дојде, твитна и си замина | Северна Македонија | DW | 29.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вархеји дојде, твитна и си замина

Еврокомесарот и премиерот твитнаа дека меѓу другото разговарале за подготовките за претстојниот Самит за Западен Балкан, којшто ќе се одржи во Словенија.

Besuch des nordmazedonischen Premierministers Zoran Zaev bei der Europäischen Kommission

Зоран Заев и Оливер Вархеји во Брисел. фото:архива

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во средата во Скопје се сретна со премиерот Зоран Заев, без многу помпа и без официјално соопштение од состанокот. Според она што обајцата го твитнаа разговарале за подготовките за претстојниот Самит за Западен Балкан, којшто ќе се одржи на 6 октомври во Словенија, како и за засилена економска соработка. 

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија“, објави Заев. Според премиерот, европскиот пат е важен за двете страни, и за С. Македонија и за ЕУ. „Посветени сме на тој процес“, вели Заев. 

Посетата на Вархеји следува по вчерашните средби со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која што е во обиколка на регионот. Од Европската комисија наведуваат дека Вархеји е во комуникација со сите релевантни страни во однос на дискусијата за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Тој минатата недела имаше средби и со бугарскиот државен врв, со цел надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ. 

Но по денешната средба во Скопје, никој не го споменува спорот со Бугарија. 

Вархеји порача дека се очекува самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија следната година и оти „Западниот Балкан е клучен приоритет за Европската комисија.“  
„Разговаравме како да го продолжиме проширувањето на ЕУ со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“. 

Во мај годинава, унгарскиот комесар предизвика чудење во ЕУ откако во неколку наврати се закануваше дека Комисијата ќе предложи одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, доколку македонските власти не најдат компромис за спорот со Бугарија. Оттогаш Вархеји не ја повтори заканата, но останува активно ангажиран во изнаоѓање решение за спорот. 

DW.COM